МЦМС е акредитиран за обука за наставници - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС е акредитиран за обука за наставници PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 05 shtator 2007 01:00

Во јули Бирото за развој на образованието го акредитираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за спроведување на обука за наставници за училиштата кои се вклучени во проектот за Модернизација на образованието финансиран од Светската Банка, Кралството Холандија и Владата на Република Македонија.

Бирото ќе изработи каталог на обуки кој ќе им биде понуден на училиштата и од кој тие сами ќе изберат обуки кои им се потребни и за кои ќе наменат одреден фонд од средствата што им се ставени на располагање во овој проект. Пет програми на МЦМС ќе бидат вклучени во овој каталог: Основна обука за менаџмент на проекти, Напредна обука за менаџмент на проекти, Вештини на комуникација, Тимска работа и Родови прашања. Обуките ќе се спроведуваат во текот на 2007 и 2008 година.

Во каталогот ќе бидат вклучени вкупно 160 програми за обука на повеќе различни теми. Обуките се понудени од 50 провајдери на обука кои беа акредитирани од Бирото за развој на образованието.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС е акредитиран за обука за наставници