Од препознавање ризици до координирана поддршка за стручните работници од основните училишта - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Од препознавање ризици до координирана поддршка за стручните работници од основните училишта PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 24 qershor 2026 13:23

Како стручните работници во училиштата навреме да ги препознаат ризиците, да обезбедат соодветна поддршка и да придонесат за создавање побезбедна и поподдржувачка средина за секое дете беше темата на која се фокусираше дводневната работилница што Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја организираше на 17 и 18 јуни 2026 година во ООУ „Дитурија“, во општина Сарај. На работилницата учествуваа 22 педагози, психолози, наставници и дефектолози од девет основни училишта во Сарај и три училишта од Арачиново. Преку анализа на случаи, интерактивни вежби и размена на искуства тие работеа на унапредување на механизмите за пријавување, превенција, заштита и поддршка на учениците.

rrp obukaa

Работата започна со дискусија за влијанието што возрасните го имаат врз животот на децата. Учесниците споделуваа искуства за ученици кои оставиле силен впечаток во нивната работа и зборуваа за важноста децата да не се гледаат низ етикети и претпоставки, туку низ нивните потреби, потенцијали, вредности и животни околности.

Посебно внимание беше посветено на превенцијата како клучен елемент во заштитата на учениците. Учесниците дискутираа како навремено да се препознаат ризиците, да се изгради доверба со учениците и да се создаде средина во која проблемите ќе се адресираат пред да ескалираат во насилство или други ризични ситуации.

rrp obuka 3

Дел од програмата беше и запознавањето со постојните национални насоки за превенција на насилството во училиштата, подготвени од Бирото за развој на образованието. Се разговараше за улогата на интерните акти и процедурите за постапување, механизмите за пријавување, формуларите за документирање случаи, изработката на планови за дејствување, како и за улогата на родителите и институциите во процесот на заштита и поддршка на учениците.

Преку пристапот „Теорија на промена“, учесниците анализираа кои фактори придонесуваат за позитивна промена во животот на едно дете. Наместо да се фокусираат исклучиво на проблемот, тие размислуваа за посакуваните резултати, потребните чекори за нивно постигнување и условите што треба да се создадат за детето да добие соодветна поддршка.

Учесниците создадоа мапи на соработка и преку нив ги идентификуваа клучните актери кои можат да придонесат во процесот на поддршка на ученикот – наставниците, родителите, врсниците, раководството на училиштето, психолошките и социјалните служби, полицијата и другите релевантни институции. Во дискусиите беше нагласено дека важна улога можат да имаат сите вработени во училиштето, кои во секојдневната комуникација со учениците можат да забележат промени или ситуации што остануваат незабележани од другите. Дискусиите покажаа дека успешната поддршка не зависи од една личност или институција, туку од навремена комуникација и координирана соработка меѓу сите вклучени страни.

rrp obuka 6

Неизбежна беше и дискусијата за можностите што ги нудат дигиталните алатки и вештачката интелигенција како дополнителна поддршка за стручните служби при анализа на ситуации, планирање интервенции и идентификување можни решенија.

Работилницата заврши со симулација на случај на ученик кој се соочува со повеќеслојни образовни, социјални и психолошки предизвици. Преземајќи различни улоги – наставник, педагог, директор, претставник на социјални служби, полиција и други релевантни актери – учесниците заеднички изработуваа план за поддршка и интервенција. Преку оваа вежба тие имаа можност да ги согледаат различните перспективи, да ги препознаат предизвиците во координацијата и да ја потврдат важноста на мултисекторскиот пристап во обезбедувањето навремена и соодветна поддршка за секое дете.

Низ интерактивните вежби, групната работа и дискусиите засновани врз практичните искуства учесниците ги водеа Теута Рамадани и Дренуша Марку.

Работилницата е дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“, поддржана од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ). Покрај МЦМС, програмата ја спроведуваат и Центарот за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта-Ла Страда.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Од препознавање ризици до координирана поддршка за стручните работници од основните училишта