Граѓанските организации со предлози за подобра Национална стратегија за спречување на корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации со предлози за подобра Национална стратегија за спречување на корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 23 prill 2026 08:29

Македонскиот центар за меѓународна соработка на 21.04.2026 година организираше тематска работилница посветена на предлог Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, како и на Акцискиот план за нејзино спроведување. На работилницата учествуваа претставници од организациите членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. 

1 2

Целта на работилницата беше да се разгледаат предложените документи и да се утврдат можностите за нивно унапредување, но и да се постави основа за креирање методологија за следење на спроведувањето на стратегијата.

Првиот дел беше посветен на детално разгледување и дискусија по однос на предлог Националната стратегија и акцискиот план, при што сите учесници врз основа на својата експертиза и област на делување имаа можност да дадат конкретни забелешки и предлози со цел подобрување на содржината на документите. 

Вториот дел беше посветен на методологијата за мониторинг на стратегијата и нејзиниот Акциски план. Оваа методологија во иднина ќе ја користи МЦМС за следење на степенот на спроведување, ефектите и финансиските импликации од предвидените мерки и активности.

4 1

По завршување на работниот дел од работилницата, учесниците заеднички се договорија во име на Платформата да се подготви пишан документ со конкретни предлози во однос на предлог Националната стратегија и истиот да се достави до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со барање дадените предлози и сугестии да бидат земени предвид при изготвување на финалната содржина на овие документи. Дополнително, добиените предлози и коментари по однос на Методологијата за мониторинг ќе овозможат да се креира поефикасно и поефективно следење на утврдените мерки и активности од самиот акт.

Работилницата е организирана во рамки на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, финансиски поддржана од страна на Европската Унија. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанските организации со предлози за подобра Национална стратегија за спречување на корупцијата