Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 korrik 2025 11:49

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против терориза (НКСНЕБТ) на 16 јули 2025 година ја организираа работилницата „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. На настанот учествуваа дел од членовите на Националниот комитет како и претставници на клучните безбедносни институции: Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенција за разузнавање и Министерството за одбрана.

MCMS4631 MCMS1

Во своите воведни обраќања, националниот координатор  Павле Трајанов и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски се осврнаа на соработката меѓу граѓанскиот сектор и институциите во областа на спречување на насилен екстремизам и радикализација, посочувајќи дека со текот на времето е воспоставена координација и комуникација што овозможува граѓанскиот сектор да има конструктивна улога во поддршката на чувствителни безбедносни процеси. Трајанов, го нагласи значењето на координираното дејствување и меѓусекторската поврзаност, подвлекувајќи дека безбедноста не е исклучиво надлежност на државните органи, туку е и поширока општествена одговорност во која граѓанското општество и меѓународните партнери имаат суштинска улога.

MCMS4633 MCMS 1

Содржината на работилницата беше структурирана низ интерактивни излагања и дискусии предводени од проф. д-р Тања Милошевска, од Филозофскиот факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и полковникот Методи Хаџи-Јанев, вонреден професор и д-р по меѓународно право на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски" која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во своето излагање, Милошевска се фокусираше на теоретската рамка на радикализмот, објаснувајќи ги разликите меѓу радикализам, насилен екстремизам и тероризам – три поими кои често се користат како замена еден на друг, но опишуваат суштински различни феномени. Беа обработени и различните форми на радикализација – од религиозен, етнички и политички радикализам, до се понагласената онлајн радикализација преку дигитални канали и социјални мрежи. Дискусиите го опфатија и процесот на радикализирање, фазите низ кои тој се развива, како и индикаторите за рано препознавање.

Во вториот дел од работилницата, професорот Методи Хаџи-Јанев се осврна на практичните аспекти на интервенција, со акцент на улогата на полицијата и другите институции во спречување на радикализацијата. Неговото излагање ја нагласи важноста на довербата помеѓу институциите и заедницата, потребата од пристапи за де-ескалација и меѓуинституционална соработка. Преку практични примери и сценарија, се разработуваа пристапи во справување со лица кои покажуваат знаци на радикализација, како и улогата на различни институции – од образовните, социјалните и верските институции до безбедносните служби – во мултисекторска соработка.

MCMS4646 MCMS1

Учесниците истакнаа дека содржината била интересна за сите и дека со вакви работилници треба да бидат опфатени повеќе припадници на безбедносните служби, особено на Министерството за внатрешни работи. Дел од нив изразија интерес и за други аспекти во справувањето со овие предизвици поврзани со финансирањето, хибридните закани, како и за подлабински погледи на потеклото на радикализацијата. Вакви интензивни и стратешки насочени работилници придонесуваат за  зајакнување на капацитетите на безбедносните институции за рано препознавање и координиран одговор  на ризиците поврзани со радикализацијата и насилниот екстремизам, отворајќи простор за подлабоко институционално вмрежување и соработка со граѓанското општество во интерес на мирот и стабилноста во земјата.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите