ГРЦ започна со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ГРЦ започна со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 11 shtator 2024 08:00

Анита Гаговска Тренчевска и Златко Талевски ги започнаа своите активности како регионални експерти од граѓанското општество кои ќе бидат контакт точки на ресурсните центри на ГРЦ за поддршка и зајакнување на локалните организации. Тие беа избрани на отворениот Повик на ГРЦ за регионални експерти од граѓанско општество.

viber image 2024 09 03 12 22 27 287

Избраните експерти, како составен дел на Националната платформа на ГРЦ на поддржувачи на граѓанските организации, ќе обезбедат ресурси, насоки и поддршка на локално ниво, за подобрување на капацитетите на ГО во соодветните региони и пошироко. Тие ќе поттикнуваат соработка и вмрежување меѓу ГО како и со други засегнати страни и ќе го олеснат споделувањето на знаење и најдобри практики меѓу ГО.

anitaАнита Гаговска Тренчевска е регионален експерт на ГРЦ за Југозападниот плански регион.

Таа има повеќе од 18 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Југозападниот и Пелагонискиот плански регион. Анита ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: социјалното претприемништво, дигиталната транзиција, генерирање на фондови, застапување и креирање политики, односи со јавност и видливост на граѓанските организации и квалитет на испорака на услуги.

Се радувам дека ќе можам да придонесам како регионален експерт во ГРЦ, и да ги пренесам моето знаење и искуство на граѓанските организации во Македонија. Силно граѓанско општество може да направи значителна општествена промена, а дигитализацијата и социјалните иновации се едни од начините да се дојде до таа промена“ истакна Анита при започнувањето на нејзиниот ангажман.

zlatkoЗлатко Талевски е регионален експерт на ГРЦ за Пелагонискиот плански регион.

Тој има повеќе од 20 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Пелагонискиот плански регион. Златко ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: овозможувачка околина за развој на граѓанското општество, волонтерство, генерирање фондови, застапување и креирање политики, вмрежување и креирање партнерства и финансиски менаџмент на ГО.

Тука сме да обезбедиме насоки, консултации, ресурси, обуки и менторска поддршка на граѓанските организации за нивно зајакнување и градење на капацитетите. Ваквата децентрализирана поддршка ќе биде од големо значење за граѓанските организации и нивниот понатамошен развој и придонес кон нивната одржливост“ додаде Златко.

Програмата на ГРЦ за градење на капацитетите на регионалните експерти за квалитетно спроведување на нивните услуги се реализираше на 3 септември 2024 г, во просториите на ГРЦ во Скопје. На оваа средба беше изготвен и план за нивната работа до крајот на 2024 година.

viber image 2024 09 03 12 29 25 013

Активностите на регионалните експерти на ГРЦ се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme ГРЦ започна со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти