Цивика мобилитас ги додели новите десет грантови |
E premte, 07 qershor 2024 14:00 | |||
Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и препорача десет од нив да склучат договори. Грантовите ќе ги спроведуваат вкупно 34 организации (списокот на добитниците/спроведувачите е на крајот од текстот). Вкупниот буџет за доделените грантови е околу 55,5 милиони денари. Спроведувањето ќе трае од 24 до 28 месеци. Грантовите се наменети да ја зголемат активната вклученост на граѓаните во планирањето и спроведувањето на проектите и да ја подобрат нивната вклученост во управувањето со ГО. Со финансиската поддршка ќе се спроведуваат конкретни акции за ангажирање на граѓаните во сите осум плански региони. На повикот што беше отворен до 12.04.2024г. пристигнаа 57 пријави на вкупно 184 граѓански организации. Од нив, 57 организации се пријавија како носители, а 127 како партнери. Вкупно 49 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата за оценка пријавите. Подолу се организациите добитници на грантовите и акциите што ќе ги спроведуваат: Здружението Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Скопје во партнерство со Здружението за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЛОГИК Скопје и Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје ќе го спроведуваат проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Здружението на граѓани Финанце тхинк – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во партнерство со Здружението Македонски центар за граѓанско образование МЦГО Скопје; Здружението на граѓани Младински образовен форум Скопје; Здружението на граѓани Центар за развој и унапредување на демократијата, медиумските и новинарски стандарди и слободата на изразување во Република Македонија 360 Степени Скопје и Македонско лекарско друштво Скопје ќе го спроведуваат проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“. Здружението Хелсиншки комитет за човекови права Скопје, Скопје во партнерство со Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје ќе го спроведуваат проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“. Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино, во партнерство со Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко-живот Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес ќе го спроведуваат проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“. Хуманитарното здружение Мајка Куманово, во партнерство со Здружението Регионален центар за соработка Спектар Крива Паланка; Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово и Здружението Регионален центар за одржлив развој Кратово ќе го спроведуваат проектот „Активни жени“. Здружението Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица, во партнерство со Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи Новус Струмица и Здружението за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните Круна плус Радовиш ќе го спроведуваат проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.. Здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец Штип, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението ИНИЦИЈАТИВА НА НЕВРАБОТЕНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Виница ќе го спроведуваат проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“. Здружението Асоцијација за демократска иницијатива Гостивар, во партнерство со Здружението на граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ с. Теарце, Теарце; Здружението Институт за лидерство и јавни политики, Тетово Shoqata Instituti per lidership dhe politika publike, Tetovё и Асоцијацијата Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово ќе го спроведуваат проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“. Здружението Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга, во партнерство со Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР Охрид ќе го спроведуваат проектот „Да учиме за климатските промени!!!“. Здружението Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, во партнерство соЗдружението за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште, Долнени ќе го спроведуваат проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“.
|