Барометар 2023: Дискриминацијата врз основа на политичка припадност е најчеста и најраспространета |
E premte, 12 janar 2024 10:01 | |||
Резултатите од спроведеното истражување Барометар за еднакви можности во 2023 г. покажуваат широко распостранета дискриминација. Според испитаниците, дискриминацијата врз основа на политичка припадност е најчеста и најраспространета (77%), додека дискриминацијата врз основа на етничка припадност е втора најраспространета (53%). Дискриминацијата врз основа на попреченост е рангирана како трета (49%). Овој тренд опстојува од 2009 г. па навака. Во 2023 година се забележува дека перцепцијата за дискриминација врз основа на етничка припадност како честа значително се намалува кај етничките Албанци (2018 - 63%; 2023 – 52%), а се зголемува кај етничките Македонци (2018 – 45%; 2023 – 51%). Оттука во 2023 година и да нема разлика во перцепцијата за етничка дискриминација меѓу двете најголеми етнички групи во земјата. Дополнително, податоците покажуваат дека секој трет испитаник бил лично дискриминиран врз најмалку една од основите кои се предмет на истражувањето (34 %). Податоците од Барометарот за еднакви можности покажуаат дека постои надолен тренд во однос на вложените напори за борба против дискриминацијата во Северна Македонија. Во 2023 г. само 24% од испитаниците сметаат дека се вложуваат доволно напори за справување со истата, додека во 2018 г. тој податок изнесувал 36%. Во однос на прифаќањето на различностите во приватната сфера, резултатите покажуваат дека најчесто граѓаните имаат високо ниво на толеранција да живеат во соседство со припадници на различни групи. А, најголема резервираност покажуваат кон лицата со различна сексуална ориентација. Барометарот за еднакви можности од 2023 година, идентично како и во 2009 година, покажува дека според перцепцијата на јавноста дискриминацијата е повеќекратно пораспространета во однос на перцепцијата дека дискриминацијата отсуствува. Компаративните инфографикони на резултатите од четирите брана на истражувања овозможуваат увид во правецот и во интензитетот на промените во перцепцијата, ставовите и искуството со дискриминација во земјава во периодот од 2009 до 2023 година. Со Барометарот за еднакви можности се анализираат одговорите на испитаниците за седум основи на дискриминација: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, попреченост, сексуална ориентација и политичка припадност.
|