Регионален билтен на СЕЛДИ бр. 65: Со здружени сили против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален билтен на СЕЛДИ бр. 65: Со здружени сили против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 12 maj 2023 14:36

Новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ покрива различни теми поврзани со корупција, вклучувајќи промени во законодавна рамка и политики, истражувачки документи, студии на случај, предизвици како и активности на партнерските организации. 

newsletter 65

Во билтенот се обработуваат теми како: Важноста на антикорупциските напори за промовирање на транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото (страница 1); Ниската стапка на завршување на планираните активности од Акциониот план за спречување на корупцијата во Северна Македонија поради слабата посветеност и политичките влијанија (страница 5 ); Недостаток на практики и процедури за евалуација за управување со работата на директорите во институциите од јавниот сектор (страница 6). 

Исто така, опфатени се информации за улогата на граѓанското општество во борбата против корупцијата и истакнати се најновите активности на мрежата СЕЛДИ, како што се настаните поврзани со подобрување на партиципативната демократија и зајакнувањето на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање политики и реформи. 

Дополнително, во билтенот се осврнуваме на предизвиците со кои се соочува Албанија во предизборниот период, извештаите на меѓународни организации и институции за состојбите итн.

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионален билтен на СЕЛДИ бр. 65: Со здружени сили против корупцијата