Преку дебата до подобро разбирање на младите за изборните програми |
E premte, 28 prill 2023 11:06 | |||
Планинарскиот спортски клуб (КАБ) од Струга, на 4 март 2023 година организираше дебата за млади на тема: „Колку се информирани граѓаните за изборните програми на политичките партии“. Учесниците имаа можност да го слушнат предавањето на универзитетскиот професор Ќашиф Бакиу. Во разговорот што следувал, тие зборувале за потребите на заедницата, а акцентот бил ставен на тоа дека граѓаните не ги читаат програмите на политичките партии ниту за локалните ниту за парламентарните избори туку гласат за политички партии и други цели. Покрај тоа, учесниците дискутирале и за надлежностите на Советот на општината. Тие имале можност од прва рака да слушнат за начинот и работата на Советот како и за процесот на носење одлуки на локално ниво од Ацо Ѓуроски и Сафет Демиралиески, двајца советници кои учествувале на дебатата. „Невозможно е секој од нас да биде свесен што е важно за неговиот живот и за неговата иднина“, рече Бесник Асани, адвокат и активист. Дебатата и размената на идеи, според него, се дел од сензибилизацијата, а големината на самиот човек лежи во свесноста. И за активистот Ндерим Положани и претседател на КАБ Струга, само духот на граѓанскиот активизам може да донесе радикални промени во општеството каде што политиката диктира се. КАБ Струга го спроведуваат проектот „Колку се реални изборните ветувања“?. Дел од нивните заложби се да ги потсетат локалните власти на предизборните ветувања и програмата за работа за 2022 година во која ветиле дека ќе ја средат улицата „Туристичка“. Станува збор за реконструкција на улица во срцето на градот, покрај Охридското Езеро, која е доста фреквентна и на која и е потребна реконструкција. Одржувањето на јавната дебата беше овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
|