Сензорни соби, но и повеќе стручен кадар за основните училишта во Кисела Вода - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сензорни соби, но и повеќе стручен кадар за основните училишта во Кисела Вода PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 13 mars 2023 10:29

Дефектолозите и психолозите од основните училишта во општина Кисела Вода побараа подобар пристап во работата со децата со попреченост, зголемување на стручниот кадар и дополнителна обука за да одговорат на потребите за поинклузивно образование.

Крик 1 MCMS

Центарот за младински активизам Крик на 21 февруари 2023 година во просториите на Општина Кисела Вода организираше тркалезна маса со наслов: „Инклузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“ на која учествуваа дефектолози и психолози од шест основни училишта во општината, претставници на граѓанските организации Крик и Леад, советници на општината и лица со попреченост. Учесниците зборуваа за сензорните соби и пристапноста на училиштата за децата со попреченост, но поголем фокус беше ставен на подготовката на наставниот кадар и нивните предизвици во секојдневната работа со децата со попреченост.

На настанот, ЦМА Крик ја потсети актуелната локална власт на предизборното ветување на градоначалникот за изградба на сензорни соби во основните училишта на општината. Советникот  во кабинетот на Градоначалникот, Сашо Јовановски, истакна дека општината нема многу надлежности во образованието, но сепак работат во подобрување на условите во основните училишта. „Опремени и пуштени во употреба се три сензорни соби, а се работи на ставање во употреба на уште две сензорни соби во уште две основни училишта“, рече тој. Во дискусијата, стручниот кадар од училиштата „Рајко Жинзифов“, „Круме Кепески“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Св. Климент Охридски“, „Кузман Шапкарев“ и „Партеније Зографски“ се пожали на исцрпеност и побара подобро, системско организирање на нивната работа, поголем број вработени во инклузивниот тим и обука.

Крик 2 MCMS

Имајќи ги предвид надлежностите, дискусиите повеќе се однесуваа на Министерството за образование и наука отколку на оние на општината. ЦМА Крик истите ќе ги има предвид при следните настани од проектот, и тоа стенд ап настанот „Ексклузивна инклузивност“ и „Дојди на пикник“.

Одржувањето на тркалезната маса беше овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Сензорни соби, но и повеќе стручен кадар за основните училишта во Кисела Вода