Недостатокот на дом за стари лица го отежнува животот на старите и лицата со попреченост во Кавадарци - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Недостатокот на дом за стари лица го отежнува животот на старите и лицата со попреченост во Кавадарци PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 shkurt 2023 09:50

Граѓаните на општина Кавадарци испратија јасна порака од панел дискусијата што се одржа на 23 јануари 2023 година – потребен е дом за стари лица. Околу 20 пензионери, лица со попреченост и експерти, организирани од здружението „ЕСИ Нелис“ од Кавадарци во општинската сала, дискутираа за проблемот чие решавање било едно од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник.

ЕСИ Нелис 1 MCMS

„Јас не сакам да ме чуваат децата во години од животот кога треба да бидат сами, ние немаме услови да бидеме заедно во еден дом“, рече за време на дискусијата Костадин Јанков. „Ваков дом е потребен, а јас познавам уште најмалку 20 лица кои го имаат овој проблем“, додаде тој. Учесниците на панел дискусијата беа единствени во барањето за итно решавање на овој проблем: „Ние сега можеби добивме една битка со тоа што општината, благодарение на оваа проектна иницијатива, одлучи да го гради домот, но останува прашањето за  цените. Дали ќе можеме да си го дозволиме со пензиите кои ги имаме? Уверени сме дека „ЕСИ Нелис“ повторно ќе ни помогне и ќе реагира“, рече Султана Јошева.

ЕСИ Нелис 2 MCMS

Здружението „ЕСИ Нелис“ ги сумираше дискусиите на учесниците и клучните поенти ќе бидат во фокусот на нивната иницијатива во следниот период. Барањата ќе ги презентираат заедно со граѓаните со кои се согласни дека притисокот врз локалната власт мора да продолжи до конечното решавање на овој проблем.

Спроведувањето на панел дискусијата е овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Недостатокот на дом за стари лица го отежнува животот на старите и лицата со попреченост во Кавадарци