ПОКАНА ЗА РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ “Улогата на овозможувачката средина за поттикнување на филантропијата и солидарноста во времиња на кризи” |
E hënë, 23 maj 2022 11:20 | |||
Партнерс Албанија и Националниот ресурсен центар за граѓанско општество имаат задоволство да Ве поканат на Регионалниот форум „Улогата на овозможувачката средина за поттикнувањето на филантропијата и солидарноста во време на кризи“. Регионалниот форум ќе се одржи на 26 мај 2022 година, онлајн. Форумот има за цел да даде преглед на улогата на филантропијата за време на пандемијата преку истакнување на правните аспекти за овозможување таква активност и споделување на најдобрите практики на иновации, солидарност и волунтаризам од страна на ГО поврзани со темата. Форумот е организиран во рамките на проектот „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Косовска фондација за граѓанско општество. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД и од проектот „Зајакнување на соработката за да се овозможи средина за филантропски активности во Албанија“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој и финансиран од Европската Унија и поддржан од WINGS Unlocking Philanthropy’s Potential Project. На настанот се очекуваат претставници на граѓансите организации, јавни институции, приватниот сектор, донатори, академската заедница и медиумите. Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, македонски, албански, српски и босански јазик. За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 25 мај 2022 година на следниот линк: https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZ0kcOyhqD8rG9L9r8amujoezidXW_Hwl7ly Линк до онлајн форумот ќе биде испратен до пријавените учесници.
|