Поголема солидарност и соработка во секторот за поттикнување промени – апел од годишната средба за вмрежување на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема солидарност и соработка во секторот за поттикнување промени – апел од годишната средба за вмрежување на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 09 maj 2022 14:24

sredba 1024x729

„Заедно со здружени сили, тоа е најдобриот начин за поттикнување промени. Треба да дискутираме, да преговараме, а тоа бара многу време. Но, мора да го направиме тоа во име на граѓанскиот сектор“, рече Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, во своето обраќање на Средбата за вмрежување на Цивика мобилитас. Таа ги охрабри присутните 115 претставници од граѓанските организации да се вмрежуваат, да направат заеднички програми и стратегии за пристап кон важните прашања за секторот. Амбасадорката Улман побара од граѓанските организации да ги преточат направените анализи во акции. „Конкуренцијата е добра, но кога е во прашање повисока цел, треба да се здружат силите“, додаде таа.

viber image 2022 05 09 15 11 00 282 1024x768

Токму тоа беше и целта на Средбата за вмрежување која се одржа од 4 до 6 мај 2022 година во Охрид, а на која присуствуваа 83 организации, актуелни и поранеши грантисти на Цивика мобилитас. Учесниците преку работа во групи, пленарни сесии и дебати разговараа за секојдневните предизвици и потреби со кои се соочуваат а кои се однесуваат на околината за нивно заедничко дејствување, на соработката, на ангажманот, финансиите итн.

Лилјана Јоноски од Рурална коалиција се осврна на регионалниот и локален развој во нашата земја. „Државата сама не вложува доволно во локалниот и регионалниот развој, па тоа се рефлектира на сите области. Потребно е да ги пренесеме знаењата и вештините на локално ниво. Треба да ја зајакнеме соработката не само меѓу нас, туку и меѓу нас и општините. Тука можеме да го бараме излезот за институционализација. Ни фали видливост“, вели Јоноски. Владо Караев од Здружението на граѓани „Рубикон“, се осврна на конституентите на нивната организација, децата и младите, пред се припадници на ранливите категории како и надлежните институции. „Во областа во која работиме, превенцијата е важна работа, мораме да ги видиме актерите и да ги извадиме проблемите на површина. Бидејќи институциите не реагираат, решивме да ги земеме за партнери“, додава Караев. За маргинализираните групи во општеството зборуваа и Бојан Павловски од Заедно посилни, Далиборка Златева од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, Звонко Шаврески од Полио Плус кои се согласија дека социјалната заштита треба да се спушти на локално ниво – непосредниот контакт и комуникацијата со луѓето дава резултати, но, останува прашањето, дали со тоа што граѓанските организации ја пополнуваат празнината настаната од недостатокот на ангажман на институциите, всушност се алиментира државата? Присутните се согласија дека граѓанските организации треба да бидат гласни и присутни во јавноста, да има повеќе настани за комуникација со претставници од институциите, да ги едуцираат граѓаните, но и луѓето во секторот за поголема ефикасност.

viber image 2022 05 09 15 10 26 966 1024x576

На настанот беа презентирани и резултатите од истражувањата „Проценка на корисници“ и „Индекс на граѓански организации“. „Резултатите покажуваат дека надворешните перцепции се подобри од внатрешните. Веројатно тоа што сме покритични влијае и на нашата самокритика“, истакна Александар Кржаловски, Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас и директор на МЦМС.  Според него, резултатите покажуваат дека треба да излеземе од нашите кругови и да се посветиме на приоритетните барања на граѓаните.

Учесниците на Средбата го потенцираа и предизвикот за одржливост на граѓанските организации, ставајќи акцент на локалните здруженија кои многу потешко добиваат поддршка или често не се конкурентни на дел од повиците. „Се обидуваме да најдеме начини за да продолжиме да ги нудиме нашите сервиси. На малите организации им требаат институционални грантови – да се поддржат на 2-3 години па да видиме како ќе се развиваат“, предложи Христина Здравеска од Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп. Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата, во сесијата за одржливост на организациите, се осврна на различни модели кои се применуваат во други земји. Преку конкретни примери беше насочена дискусијата на некои алтернативни начини за финансирање.

viber image 2022 05 09 15 12 58 578 1024x576

Во своите коментари за време на Средбата, учесниците ја истакнаа институционалната поддршка која им овозможила да направат навистина добри поместувања во организацијата. На некои од нив, Цивика мобилитас им овозможила да научат многу нови работи, покрај задоволството да се работат на идејата која ја замислиле. На малите организации, едукацијата обезбедена од програмата била од исклучителна важност. Ова се дел од споделените искуства за поддршката од Цивика мобилитас.

viber image 2022 05 09 15 11 53 676 1024x576

Средбата беше искористена за конкретизирање на предлозите за следната, завршна фаза на оваа најголема програма за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Поголема солидарност и соработка во секторот за поттикнување промени – апел од годишната средба за вмрежување на Цивика мобилитас