Улогата на медиумите во третирањето на прашањата на повратниците од странските боишта и нивните семејства - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Улогата на медиумите во третирањето на прашањата на повратниците од странските боишта и нивните семејства PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 29 mars 2022 14:22

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) беше домаќин на средбата меѓу претставниците на медиумите и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) што се одржа на 28 март 2022 година во х. Александар Палас во Скопје.  

20220328 111210 MCMS

„Сакаме да создадеме можност за меѓусебно запознавање и информирање на новинарите од една страна и на членовите на НКСНЕБПТ од друга, не само за темата, туку и за начинот на функционирање на двете страни“, рече на Александар Кржаловски, директор на МЦМС. Оваа средба беше насочена кон улогата на медиумите во третирањето на прашањето на повратниците од странските боишта и нивните семејства, кон информирањето за нив и сензитирањето на јавноста како и кон нивната ресоцијализација и реинтеграција во заедниците на кои им припаѓаат. 

„Сакаме да укажеме дека државата не го остава насилниот екстремизам да се развива, таа е организирана и подготвена за соочување со овие прашања“, рече Златко Апостолски, Национален координатор на НКСНЕБПТ. Според него, двата глобални фронта на кои работи Комитетот се спречување на граѓаните да заминат на странските боишта и заштита на државата од терористички напади. Апостолски ја потенцираше потребата од споделување на навремени и точни информации кон медиумите и од медиумите и ја акцентираше отвореноста и достапноста на Комитетот за новинарите.

Новинарите се интересираа за улогата на верските заедници во регрутирањето на странските борци, за начините кои се применуваат од страна на регрутерите и споделија информации до кои дошле со своите истражувања. Зборувајќи за повратниците од странските боишта, особено за оние кои се на издржување на затворска казна, беше истакнато дека тие се најранливата категорија, пред се, заради условите во овие установи. 

И Националниот координатор и двајцата заменици, Џеладин Ајвази и Златко Арсов, истакнаа дека процесот на создавање на нови стратешки документи во оваа област ќе биде целосно инклузивен. „Сакаме да ги вклучиме сите“, рече Апостолски, „а на граѓанските организации гледаме како на партнери. Ние имаме иста цел, да ги превенираме појавите кои можат да му наштетат на целото општеството“, додаде тој. 

Средбата е организирана како дел од активностите на програмата Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) која ја спроведува МЦМС во партнерство со НЕКСУС-граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас. Програмата ја финансира Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ). 

 

 

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Улогата на медиумите во третирањето на прашањата на повратниците од странските боишта и нивните семејства