Расте бројот на заинтересираните за вакцинирање - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Расте бројот на заинтересираните за вакцинирање PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 05 prill 2021 13:24

Повеќе од половината од испитаниците (56,4%) одговориле дека е многу веројатно, односно веројатно дека ќе се вакцинираат. Ова е зголемување во однос на анкетата спроведена во декември 2020 година кога 38,7% од граѓаните рекле дека е многу веројатно или веројатно дека ќе се вакцинираат. Етничките Албанци (73,1%) изразиле поголема веројатност за вакцинирање  од етнички Македонци (51,7%). Ова го покажа последното истражување на МЦСМ „Ковид-19 – една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ спроведено од агенцијата М-Проспект во периодот од 12 до 17 март 2021 година на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници. 

edna godina kovid 19 2

Половина од испитаниците целосно или донекаде имаат доверба во новите вакцини (50,4%), а 49,1% донекаде и целосно немаат доверба. Етничките Албанци имаат поголема доверба во вакцините (67,5%) во однос на етничките Македонци (44,5%). Големо мнозинство од испитаниците (73,5%) сметаат дека Владата не реагирала соодветно и навремено при набавката на вакцините. Споредено со земјите во регионот, мнозинство од испитаниците (65,0%) сметаат дека нивото за вакцинирање во Македонија е под стандардот. Етничките Македонци се понезадоволни со степенот на вакцинација во државата, па 73,4% одговориле дека нивото на вакцинација е под стандардот во регионот, што е за  30 пп повеќе од етничките Албанци (43,4%).   

365 kovid normalaШто се однесува до мерките за заштита, речиси сите испитаници се согласуваат со потребата од носење на заштитна маска во продавници и затворени објекти (94,5%), додека пак мнозинство од нив (61,6%) сметаат дека носење на маска е потребно и на отворено. Вкупно 70,7% сметаат дека наставата во образованието треба да се спроведува онлајн. Граѓаните (82,7%) сметаат дека се потребни ограничувања во угостителските објекти.  Највозрасните испитаници (над 65 години) во најголема мера сметаат дека има потреба од вакви ограничувања (91,5%). Висока е и поддршката за забрана за свадби и настани во затворен простор (85,1%), но и забрана за свадби и настани на отворено (80,5%).  

Работата на матичните доктори е оценета позитивно од 81,0% од граѓаните, работата на болниците и Ковид центрите од 68,5%. Иако мнозински, најнизок е процентот на оние кои позитивно ја оцениле работата на Комисијата за заразни болести (54,9%). Речиси поделена е оценката за работата на министерот Филипче односно 51,3% сметаат дека добро ја врши својата работа, 47,7% сметаат дека работи лошо. Кај премиерот Зоран Заев, побројни се оние кои рекле дека работи лошо (59,7%), а една третина сметаат дека работи добро (36,7%). 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Расте бројот на заинтересираните за вакцинирање