Словенечките искуства во транспарентноста презентирани пред македонските ГО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Словенечките искуства во транспарентноста презентирани пред македонските ГО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 12 nëntor 2020 20:50

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM).

Slovenechkite iskustva vo transparentnosta prezentirani pred makedonskite GO 1

За Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, транспарентноста треба да се сфаќа пошироко од отчетот за потрошените средства. Таа треба да се однесува на сите комуникации на организацијата со засегнатите актери и крајните корисници. 

Претставници на четири граѓански организации од Словенија зборуваа за нивните добри пракси поврзани со транспарентноста. 

За тоа колку е значајна транспарентноста кога се мобилизираат средства зборуваше Петар Томашич, генерален секретар на Каритас- Словенија. За организација која спроведува социјални програми и собира донации, клучна е довербата која се гради преку транспарентното работење. Според Томашич, важно е да се знае од секое евро донација колку се распределуваат за административни работи, а колку за крајните корисници и тој податок да биде јавно достапен.

Кога е во прашање прибирањето средства за организациски програми, потребно е да се комуницираат јасни вредности истакна во своето обраќање Наташа Пошел, директорка на Амнести Интернешнл (Amnesty International Slovenia). Таа истакна дека како организација која работи за заштита на човекови права, во своето работење, исклучиво се финансираат од донации и не примаат државна помош освен за кампањите за образование за човекови права. За транспарентното комуницирање на постигнувањата и јасното следење на ефикасноста на операциите зборуваше Јака Крајнц, генерален секретар на Друштвото на екологисти без граници од Словенија. 

Slovenechkite iskustva vo transparentnosta prezentirani pred makedonskite GO 2 1

Тина Дивјак – раководителка за застапување во Центарот за информирање, соработка и развој на невладините организации (ЦНВОС) зборуваше за „Чарити Навигатор“, алатка која треба да им помогне  на организациите да воспостават солидни транспаренти практики. Оценката на организацијата се прави во однос на четири главни критериуми тоа: супервизија на функционирањето на организацијата, потоа стратегиското планирање, финансиското менаџирање и транспарентност. Секоја организација добива оценка како комбинација од овие четири критериуми. 

Целта на конференцијата беше да се споделат најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија и да се поттикне и подобри  транспарентноста во секторот. 

Транспарентноста е многу повеќе од тоа да се подготви годишен извештај  ова е процес кој постојано треба да се редизајнира како за секоја организација внатрешно но така и на секторско ниво колективно низ отворени дебати и платформи за споделување на искуство и знаење. 

Конференцијата е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведува МЦМС во партнерство со БЦСДН и ЦНВОС од Словенија, а финансиски е поддржана од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Словенечките искуства во транспарентноста презентирани пред македонските ГО