Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 30 prill 2020 15:45

Повеќе од половината од испитаниците (56,2%) целосно или до некаде се согласуваат дека ЕУ и ја дава потребната поддршка на Македонија за борбата со Коронавирусот, додека 38,4% воопшто или донекаде не се согласуваат со оваа изјава. Вкупно 27,6% од граѓаните сметаат дека парите се најсоодветната помош што ЕУ треба да и ја даде на Македонија, а 21,4% предност им даваат на другите медицински материјали. Ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено прашањата на евроинтеграциите и очекувањата од преговорите.

mk clenka na eu

Истражувањето покажа дека постои извесен оптимизам кај граѓаните кога се во прашање евроинтеграциите па така, на прашањето: Која од земјите од Западен Балкан прва ќе влезе во ЕУ, 36,7% од граѓаните ја избрале својата земја, додека 17,2% сметаат дека тоа ќе биде Србија, а 12,5% предност и дале на Црна Гора. Македонија ќе влезе во ЕУ за пет години сметаат една третина од граѓаните (34,8%), додека речиси една четвртина сметаат дека тоа ќе се случи за 10 години. 

Во врска со очекувањата од самите преговори, повеќе од половината од граѓаните (56,4%) очекуваат почетокот на преговорите да придонесе кон подобрување на реформите во правосудството, за разлика од една третина (33,3%) кои немаат такви очекувања. Една третина (31,6%) очекуваат да се подобри целиот животен стандард, додека 19,4% не очекуваат дека нешто ќе се подобри. Што се однесува до корупцијата, блага предност имаат оние кои веруваат дека со почетокот на преговорите таа ќе се намали (41,7%)  пред оние кои сметаат дека таа ќе остане иста (39,8%). Вкупно 13,0% очекуваат корупцијата да се зголеми со почетокот на преговорите. Во поглед на иселувањето, 37,2% од испитаниците сметаат дека почетокот на преговорите ќе влијае на неговото зголемување, додека за 33,3% ќе остане исто. Една четвртина се поголеми оптимисти и сметаат дека иселувањето ќе се намали со почетокот на проговорите.

Речиси една третина од граѓаните (32,2%) ја перципираат Германија како земја од ЕУ во која најдобро се живее, а на второ место е Шведска (13,8%). Од земјите надвор од ЕУ најдобро се живее во Македонија (13,0%), во САД (11,3%) па потоа во Канада (9,8%), Нов Зеланд (9,0%) и Австралија (8,6%). Од земјите кандидати најдобро се живее во Македонија (34,5%), потоа во Турција (29,7%), па во Србија (15,5%).

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 7 до 17 април 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1006 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата