Избрани се нови 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас |
E enjte, 30 prill 2020 09:48 | |||
Вонредната состојба во земјава не влијаеше на процесот на евалуација на доставените пријави на повикот за акциски грантови (ЦМ-АКТ-05). Комисијата за избор на грантови по електронски пат ги оцени пријавите, по што одлучи дека добитниците на акциски грантови се 12 организации, и тоа:
Акциите на новите грантисти ќе се спроведуваат во 10 различни сектори. Дел од нив ќе се осврнат кон преговорите со ЕУ за поглавјето 27 кое се однесува на животната средина; ќе ја подигнуваат свеста кај локалното население за зачувување на Шар Планина како природно богатство; а исто така ќе ја прошират мрежата на дневна редистрибуција на вишоци од храна во Североисточниот и Пелагонискиот регион. Покрај тоа, организациите ќе се занимаваат со детско престапништво; ќе ги јакнат капацитетите за социјално претприемништво кај децата без родители и родителска грижа; ќе ги унапредуваат знаењата и вештините на новинарите за практикување инклузивно новинарство; а исто така ќе им помогнат на лицата без извод од посебната матична книга на родените и без лична карта да ги стекнат истите. Понатаму, тие ќе ги градат истражувачките капацитети на граѓански организации; ќе иницираат разработка на „етноцентричните“ наративи по предметот „Историја“; ќе ја надгледуваат отчетноста на политичките партии во спроведувањето на нивните ветувања; а исто така ќе учествуваат во креирањето и донесувањето одлуки за подобрување на бизнис климата. Поддржаните акции во главно се од национален размер, додека две од нив ќе се спроведуваат на регионално ниво. Грантистите доаѓаат од пет региони, најголем број од нив се од скопскиот, потоа од полошкиот, источниот, пелагонискиот и југоисточниот регион. На повикот што беше отворен до 3 март 2020 г. беа поднесени 109 пријави за акциски грантови, од кои 95 ја поминаа административната проверка.
|