Нови 18 активисти обучени за институционален развој и организациско јакнење |
E martë, 22 janar 2019 14:09 | |||
Новите алатки за анализа беа оценети како најкорисниот дел од обуката за институционален развој и организациско јакнење од страна на учесниците. Најголем дел од нив рекоа дека ќе направат презентација на наученото во нивните организации и ќе ги ревидираат нивните стратешки документи. Граѓанскиот ресурсен центар на 17 и 18 јануари 2019 година во своите простории ја одржа обуката за 18 претставници на граѓанските организации. Во рамки на оваа обука учениците се запознаа со концептот на институционален развој и организациско јакнење, со елементите на Интегрираниот организациски (ИОМ) модел, како и со алатките за институционална и организациска анализа. Тие на обуката добија теоретски знаења, а потоа и практично правеа институционална и организациска анализа, базирано на ИОМ-елементите. Во рамки на Институционалната анализа, учесниците најпрво работеа на дефинирање/ ревидирање на визијата и мисијата на нивните организации; потоа направија ПЕСТ-скенирање на оперативната околината во кое ги анализираа политичко-правните, економските, социолошките и технолошките фактори кои влијаат на нивните развојни интервенции; и изготвија институциограм во рамки на кој ги дефинираа актерите опфатени со нивните развојни интервениции и нивните меѓусебни односи. Организациската анализата беше направена базирано на внатрешните ИОМ-елементи, а потоа и двете анализи (институционална и организациска) беа меѓусебно поврзани со помош на алатката SWOT. Понатаму, врз основа на SWOT-анализата, учесниците ја изготвија СОР-матрицата за стратешка ориентација, се запознаа со значењето на стратешките цели и форматот на стратешкиот план кој треба да биде изготвен врз основа на претходно направените анализи. Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведоа Александар Кржаловски и Валентина Чичева од Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Оваа е дел од низата обуки кои ги организира Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|