Нова можност за приказните и фотографиите/видеата на граѓанските новинари |
E mërkurë, 31 janar 2018 19:50 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма го отворија вториот по ред конкурс за приказни и фотографии/видеа од граѓански новинари кој ќе трае до 11 февруари 2018 година. Приказните и фотографиите/видеата треба да се однесуваат на важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните кои ќе бидат на некоја од следните теми:
Ќе бидат избрани и наградени по три приказни и фотографии/видеа кои ќе се однесуваат на важен општествен проблем. Наградите ќе бидат во вид на ваучери кои ќе можат да се искористат за опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл. Вредноста на ваучерите изнесува: 30.000 денари за првонаградените; 20.000 денари за второнаградените и 10.000 денари за третонаградените учесници. Повеќе детали за начинот на пријавување можете да најдете во конкурсот. Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.
|