Да се запре изборот на претставници во Советот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Да се запре изборот на претставници во Советот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 06 qershor 2016 11:35

Вкупно 89 граѓански организации упатија јавна реакција до Владата на Република Македонија во која бараат да се да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор (Советот); да се направат измени и дополнувања на донесената Одлука за формирање на Советот и да се отвори консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, во кој различните мислења и ставови за Советот ќе бидат земени предвид и усогласени согласно споредбените искуства и практики.

Потписниците на изјавата сметаа дека тело како Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор треба да биде формирано врз база на заемна доверба и партнерство меѓу двата сектора. „Длабоко сме убедени дека пристапот на еднострано формирање на телото нема да ги даде посакуваните резултати и е спротивно од целта на неговото формирање“, се вели во изјавата и се додава дека не земањето предвид на овие укажувања ќе има за последица бојкотирање на изборот на претставници од граѓанското општество.

Граѓанските организации имаат забелешки на процесот на подготовка и усвојување на Одлуката за основање на Советот;  на мнозинската застапеност предвидена за државните институции во него, на нивото на државни службеници,  на постапката и начинот за спроведување на изборот на членовите на Советот од редот на граѓанските организации, и на времето во кое е донесена Одлуката.

Видете ја целата изјава.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Да се запре изборот на претставници во Советот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор