Соработка и солидарност им треба на граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка и солидарност им треба на граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 29 qershor 2015 13:06

Дваесетина претставници на граѓански организации учествуваа во работата на регоналниот форум на Цивика мобилитас што се одржа на 25 јуни 2015 година во Културниот дом „Григор Прличев“ во Охрид. Темите за кои разговараа беа: учество во носењето одлуки на локално ниво; младински ангажмани; управување со отпад; екологија; мигранти; животни без дом, без грижа.

Sorabotka i solidarnost im treba na gragjanskite organizacii 1

И овој пат фокусот беше ставен на општествените промени и соработката. Претставниците од граѓанските организации од Охрид, Вевчани, Дебар, Кичево кои беа присутни на форумот зборуваа за своите искуства на соработка, а Сајмон Форестер, меѓународен експерт на Цивика мобилитас зборуваше за добри пракси организации од Европа. „Соработката не треба да ја гледаме само во функција на предизвикувањето промена“, рече Форестер, „додека соработуваме учиме едни од други и сите стануваме посилни“, додаде тој. Дискусијата беше насочена кон прашањата: Како да учиме преку соработката? И Како да организациите да станат посилни?

Мнозинството прави сила, а за тоа ни треба соработка и солидарност“, рече Фламур Муладаути, од Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар. Според него, потребно е да се подобри комуникацијата меѓу граѓанските организации, соработката на организациите со локалните власти, со институциите, со граѓаните воопшто. „Кога ќе бидеме здружени полесно ќе постигнеме ефекти“, додаде тој.

Sorabotka i solidarnost im treba na gragjanskite organizacii 2

Учесниците се согласија дека солидарноста е детерминанта на општеството. Тие предложија градење регионална граѓанска платформа.  Една од активностите на платформата би била подигањето на свеста на граѓанските организации за соработка и солидарност. Учесниците сметаа дека треба да се одредат сферите и можностите каде ќе се остварува соработката, а зборуваа и за чинителите: локалната власт, граѓанските организации, граѓаните воопшто, институциите, особено засегнатите за одредени теми кои ќе бидат третирани.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Соработка и солидарност им треба на граѓанските организации