Усвоен Деловниот извештај на МЦМС за 2014 година - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Усвоен Деловниот извештај на МЦМС за 2014 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 29 qershor 2015 13:28

На редовната седница на Советот на МЦМС, што се одржа на 24 јуни 2015 година беше усвоен Деловниот извештај за 2014 година со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.

sovet-mcms-2015

Извештајот го презентираше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. „Претходната 2014 година беше успешна година за МЦМС“, рече тој, „спроведувавме 11 нови и 17 проекти пренесени од претходните години, со вкупен буџет од 76,3  милиони денари. Кржаловски презентираше сумарни информации за секоја од програмите. Тој истакна дека во 2014 година МЦМС го започна спроведувањето на  програмата Цивика мобилитас (2014-2018), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а МЦМС почна да функционира и како ресурсен центар на проектот ТАКСО (TACSO) во кој ќе обезбедува услуги во периодот од 2014 до 2017 г.

„Во 2014 година за прв пат се спроведе и проценката на овоможувачката околина за развој на граѓанското општество според истоимената матрица“, рече тој и додаде дека врз основа на тоа, публикуван е Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија. Тој се осврна и на Извештајот за проценка на корупцијата што го подготви и објави МЦМС, а кој е прв од ваков вид во Македонија.

Членовите на Советот донесоа и одлука за избор на независен ревизор на МЦМС. Ревизорската куќа Мур Стивенс ќе биде задолжена за ревизијата на МЦМС во следниот четиригодишен период.

Со седницата претседаваше Звонко Шаврески, член на Советот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Усвоен Деловниот извештај на МЦМС за 2014 година