Застапување и лобирање за косовските граѓански организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање за косовските граѓански организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 07 korrik 2014 14:20

Од 30 јуни до 2 јули 2014 година, во Скопје, МЦМС одржа обука за застапување и лобирање за претставници на шест граѓански организации од Косово. Учесниците имаа можност да се запознаат со концептот на застапување и лобирање, типовите активности, различните пристапи и основните елементи кои треба да го сочинуваат ефективното застапување и лобирање.

2014-07-02 12.48.28

„Ова е прв пат на сериозен начин да се среќавам со темата ‘застапување и лобирање’. Мислам дека познавањето на оваа тема е многу важно за нас кои работиме во граѓанскиот сектор“, изјави Јелена Савиќ, соработник на проекти во Бизнис центарот во Звечан. Таа смета дека го добила тоа што го очекувала од обуката, односно добила важни информации и упатства за тоа како да ги развие своите вештини. „Ќе ми биде од корист при работењето на следните проекти. Веќе имам визија како би можела да го решам проблемот на неорганизираните земјоделци на север во Косово“, вели Јелена.

Низ практичната работа за време на обуката учесниците имаа можност да ја испробаат теоријата на темите и прашањата со кои се соочуваат во секојдневната работа. Тие идентификуваа прашања за застапување и лобирање, подготвија анализа на актерите, а потоа и план за застапување и лобирање.

2014-07-01 15.37.34

„Обуката беше многу инспиративна и проактивна. Беше базирана на лични искуства и студии на случаи кои ни беа од голема помош бидејќи вклучуваа доста практична работа која ни ги обезбеди сите потребни чекори и информации за започнување на планирањето на застапувањето и лобирањето во нашите организации“, рече Бард Кадиу од Косовската асоцијација за информатичка и комуникациска технологија од Приштина.

Обуката е дел од консултантската поддршка што МЦМС, во соработка со МДФ Холандија, ја дава за програмата Обединета коалиција за претприемништво, а која две холандски организации СПАРК и „Бизнис во развој“ ја спроведуваат во Косово.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Застапување и лобирање за косовските граѓански организации