Учениците и наставниците во „Пашко Васа“ ќе учат во подобри услови - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Учениците и наставниците во „Пашко Васа“ ќе учат во подобри услови PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 maj 2014 13:17

На 27 мај 2014 година, во општина Желино, се одржа шестата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“. Присутните имаа можност да слушнат како течела реализацијата на проектот „Изградба на втора фаза на ОУ „Пашко Васа“ во село Ново Село“ што тие го избраа на петата сесија. 

IMG 9183

Проектот обезбеди оптимални услови за настава и за работа на учениците и на училишниот персонал. Освен тоа, проектот овозможи подобрување и на условите за хигиена и заштита на здравјето на учениците. Вкупниот буџет изнесуваше 5.008.262 денари од кои 1.400.000 беа обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 3.608.262 обезбеди општина Желино.

„Ни беше задоволство да бидеме учесници во проектот и што ни беше овозможено заедно со претставниците на општината отворено да разговараме за нашите проблеми и предложените мерки и решенија“, рече Мејреме Алили, наставничка во селото Копачиндол. Таа имала можност да го види новиот објект и посакува брзо да се завршат и другите училишни објекти како тие во селата Копачиндол и Мерово.

IMG 9179

Нуредин Лимани, поранешниот директор на реновираното училиште ја оцени како одлична соработката и поддршката на МЦМС и СДЦ како и храброста на општината за вклучување и имплементирање на овој тип на активност. За овој предизвик зборуваше и Шабан Лимани. „Спроведувањето на проектот ни помогна не само финансиски туку и со јакнење на нашите професионални капацитети. Ни помогна да ги зајакнеме релациите со граѓаните, станавме потранспарентни, а тие имаа можност одблиску да ја следат работа на општината и да ги остварат нивните приоритетни потреби и идеи“, рече Лимани. 

На сесијата, претставниците на општината ја презентираа и информацијата за препораките од граѓаните од која можеше да се заклучи дека добар дел од нив веќе се реализирани или се во тек на реализација.

Во име на градоначалникот Фатмир Изаири, на граѓаните им се обрати Сауби Авзиу, раководител на секторот за образование на општина Желино. Тој истакна дека за општина Желино овој проект бил многу важен и дека општината и понатаму ќе работи на решавање на проблемите не само во образованието туку и во другите области со што ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Учениците и наставниците во „Пашко Васа“ ќе учат во подобри услови