Нова веб-платформа за граѓанскиот сектор во Западен Балкан и Турција |
E premte, 16 maj 2014 10:26 | |||
Во април оваа година беше преставена новата веб-платформата monitoringmatrix.net, посветена на следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во земјите од Западен Балкан и Турција. Веб-платформата ја претставува моменталната состојба во осум земји во Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Хрватска) и Турција, врз основа на периодични извештаи од следењето подготвени од страна на локални граѓански организации. Таа нуди и преглед на клучните наоди и препораки насочени кон подобрување на околината во која функционираат граѓанските организации. МЦМС е одговорен за следењето и подготовката на извештајот за Македонија. Поставените информации овозможуваат споредба меѓу вклучените земји. Наскоро тие ќе бидат дополнети со регионалниот извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор. Веб-платформата е развиена во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).
|