Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија |
E mërkurë, 26 shkurt 2014 14:12 | |||
Автори: Нурединоска Емина, Огненовска Симона Извештајот се однесува на периодот од 2010 до 2013 г. и истиот опфаќа три главни области:
Извештајот е одлична алатка која ќе обезбеди квалитетни податоци, анализа и препораки во процесот на следење на спроведувањето на постоечките, и за поддршка на нови државни политики за развој на граѓанскиот сектор. Тој може да има и улога во новоразвиените Насоки за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите од потенцијани членки на ЕУ 2014-2020. Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).
|