Граѓанските организации од регионот се подготвуваа за следење на корупција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации од регионот се подготвуваа за следење на корупција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 19 nëntor 2013 11:06

МЦМС во соработка со Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија на 7 и 8 ноември 2013 г. во Скопје, организираше обука за методологијата за следење на корупцијата. На настанот учествуваа членките на СЕЛДИ - Мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа 27 претставници на 16 граѓански организации од 9 земји од ЈИЕ. Обуката е организирана во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и анти-корупција во Југоисточна Европа“.

gragjanskite organizacii od regionot se podgotvuvaa za sledenje na korupcija-1

На првиот ден од настанот беа разгледани идните активности на мрежата и се дискутираше за барањата за известување за првата година од спроведувањето на проектот.

Вториот ден беше посветен на презентација на постоечки практики и методологии за следење на корупцијата во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Посебен фокус беше ставен на претставување на методологија на Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од ЦСД и чекорите потребни за успешно спроведување во 9-те земји во ЈИЕ. Исто така учесниците ја разгледаа и содржината и структурата на Извештаите за корупција, кои ќе бидат резултат на сеопфатна анкета и анализа на секундарни податоци спроведени во рамките на ССК. Од особено значење беше дискусијата за потенцијалните извори на податоци неопходни за анализата.

gragjanskite organizacii od regionot se podgotvuvaa za sledenje na korupcija-2

Проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“ е финансиран од Европската комисија, Директорат за проширување. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанските организации од регионот се подготвуваа за следење на корупција