Има ли околина за одржлив развој на претпријатијата? |
![]() |
![]() |
![]() |
E shtunë, 31 gusht 2013 11:57 | |||
За истражувањето беа користени неколку инструменти. Преку фокус групи со работодавачите беа идентификувани клучните пет актуелни ограничувања на бизнис-околината во Македонија. Понатаму, петте аспекти беа разговарани со претставници на врвното раководство на 170 мали и средни претпријатија во Македонија. Покрај интервјуата и фокус групите беше направена и анализа на релевантна литература (закони, истражувања и сл.) и споредба на истите аспекти во други држави. Извештајот од истражувањето насловен како „Овозможувачка околина за одржливи претпријатија“, ќе содржи информации за околината во која дејствуваат претпријатијата и проблемите со кои се соочуваат работодавачите, заклучоци и препораки за надминување или решавање на проблемите. Врз основа на извештајот ќе биде подготвена и стратешка рамка за политики. Таа ќе им послужи на работодавачите во нивните идни активности за застапување за овозможувачки политики. Истражувањето е направено за Меѓународната организација на трудот (МОТ), а МЦМС го спроведе во конзорциум со М-проспект и во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ). Проверка на овозможувачката околина за претпријатијата се прави и во другите балкански земји како и во повеќе земји во светот. Повеќе информации и извештаите може да се најдат на веб-страницата на МОТ.
|