Информации за втора форумска сесија во општина Шуто Оризари |
E premte, 12 korrik 2013 14:58 | |||
Втората форумска сесија во општина Шуто Оризари се одржа на 10 јули 2013 година, во ОУ Браќа Рамиз-Хамид и на неа присуствуваа околу 97 граѓани и гости. Граѓаните правеа анализа на темата „Патна и сообраќајна инфраструктура“, што ја избраа на првата форумска сесија. Во рамки на темата, потоа ги идентификуваа локалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат и дискутираа и даваа предлози за нивно решавање. Идентификуваните проблеми и предлог-решенијата беа групирани во пет под-теми: Реновирање и санација на централни и споредни улици; Реновирање на тротоарите; Уредување на јавни површини; Уредување на паркинзи и Улично осветлување. „Идејата со организирање на Форумските сесии е навистина добра“, го сподели своето размислување Сабина Мемед. „Учеството на форумот, заедно со моите сограѓани, во одлучување за добробит на нашата заедница е убаво чувство за мене како наставник“, додаде таа. И за Фазли Сербез, форумите се добра иницијатива. „Ова што денеска го работевме ми буди волја пак да бидам присутен на следниот форум, бидејќи со секој организиран форум доаѓаме до нашата крајна цел - ние граѓаните да одлучуваме што да се гради“, вели тој и додава дека неговиот фаворит е реновирањето на улиците. На крајот на форумската сесија беа формирани работни групи за развивање на концепти за предлог проекти и граѓаните беа информирани дека следната форумска форумска сесија ќе се одржи на 06 септември 2013 г.
|