Вршење профитни дејности во непрофитни организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вршење профитни дејности во непрофитни организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 20 maj 2013 15:09

Економските активности и сметководството на здруженијата и фондациите беше тема на информативниот настан што се одржа во Скопје на 16 мај 2013 г. во Клубот на новинари, а го организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

IMG 5544

Целта беше детално запознавање со можностите за вршење дејности од кои се генерираат сопствени приходи, спецификите на сметководството на граѓанските организации поврзани со економските активности и нивната поврзаност со соодветни одредби од даночните закони.

На настанот учествуваа 35 претставници на раководствата и сметководителите на граѓанските организации од повеќе градови на Република Македонија. Предавач беше Николаки Миов, овластен ревизор.

Во првиот дел подетално беа разгледани и споредени одредбите на Законот за трговски друштва и Законот за здруженија и фондации. Втората сесија ги опфати вообичаените активности при вршење на дејност кај граѓанските организации, додека во третата беа детално дискутирани даноците од важност за граѓанските организации и инспекциите кои директно влијаат при вршењето дејност (и поврзани глоби). Последната четврта сесија преку претставувањето на постоечките олеснувањата и ослободувања за граѓанските организации, овозможи учесниците да размислуваат во насока на нивно искористување за обезбедување одржливост.

IMG 5533

Учесниците изразија голем интерес активно вклучувајќи се со прашања и забелешки во текот на сите сесии, додека како најкорисна и сесија во која најмногу се дискутираше беше сесијата посветена на даночната рамка за граѓанските организации. По конкретно беа издвоени персоналниот данок и данокот на добивка за кои ќе биде предизвик во иднина да се најдат соодветни решенија кои ќе овозможат помало финансиско оптоварување.

Информативниот настан е дел од проектот „Овозможувачка правна рамка” кој го спроведува МЦМС во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта и кој финансиски е поддржан од Американската агенција за развој (УСАИД). Целта на проектот е придонес кон ефективно спроведување на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) и подобрена даночна околина за граѓанските организации.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Вршење профитни дејности во непрофитни организации