ИПА фондовите и образованието на Ромите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ИПА фондовите и образованието на Ромите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 prill 2013 00:00

На 22 април 2013 година во Загреб, на Конференцијата за квалитетно образование за Ромите, Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС го презентираше извештајот од истражувањето „ИПА фондовите и образованието на Ромите“ спроведено во Хрватска, Македонија и во Србија.

Истражувањето покажало дека ромските актери, организациите и претставниците, имаат тешкотии во учествувањето во процесот на програмирање за ИПА, имаат слаби капацитети и волја за партнерства кои успешно ги ди одведат до ИПА фондовите кои пак од своја страна обезбедуваат и директни и индиректни бенефиции за ромските заедници. Не е јасно, велат авторите на извештајот, дали ромските актери имаат било какво влијание на процесот, бидејќи нив ретко ги има во структурите за планирање и набљудување на ИПА.

За целите поврзани со Ромите се обезбедуваат можности за конкретни проекти. На пример, во Србија, тој износ е 6,2% од сите ИПА фондови. Но, како резултат на тендерите, само мал дел од средствата завршуваат во конкретни проекти специфично наменети за Ромите. Некои се наменети за градење на капацитети на државните институции. Вкупно 32 проекти поддржани со ИПА фондовите биле наменети ексклузивно за ромската популација и/или се спроведени од Роми: 6 проекти во Хрватска (3,354,280 €), 3 проекти во Македонија (628,623 €) и 23 проекти во Србија (1,146,087 €). Шест од овие проекти се наменети за образование: во Хрватска, еден проект за компјутерско образование; во Македонија, еден твининг проект и во Србија, четири проекти (не-ексклузивно за Роми). Најголем број од проектите се сервис договори, а за некои од нив не е јасно дали придобивките ќе бидат за Роми. Другите можности се вон ИПА фондовите, во програми на ЕУ (ЕИДХР, ПХАРЕ и др.) и други донатори (УСАИД; СДЦ, итн.).

Истражувањето е спроведено во рамките на иницијативата Да се направи најмногу со фондовите на ЕУ за Ромите (Making the Most of EU Funds for Roma) на Фондациите Отворено општество. Иницијативата е активна во девет земји вклучени во Декадата на Ромите, а се спроведува со помош на локални партнери (во Македонија тоа се МЦМС и Инсок).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme ИПА фондовите и образованието на Ромите