МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Битола, Велес и Аеродром - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Битола, Велес и Аеродром PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 15 mars 2013 14:47

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Битола, Велес и Аеродром за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

bitolaОсуммина кандидати во Битола ќе се натпреваруваат за градоначалничката фотеља. Доколку утре се одржат локалните избори, 40,1% од граѓаните ќе гласаат за Владимир Талески, кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, 14,7% за Менде Диневски, кандидатот на СДСМ, 3,1% за Зоран Лазароски-Паљо, кандидат на група избирачи, 1,7 за Африм Селими од ДПА, 1,5 за Јорго Огненовски, кандидат на група избирачи, 1,3% за Љубомир Груевски од НДМ, 1% за Лилјана Настеска од СДПМ и 0,1% за Ѓоко Дамевски од СДУ. Вкупно 34,2% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 32,3% ќе гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 16,1% за листата на СДСМ, 1,2% за листата на ДПА, 1% за листата на ДУИ,  2,1% за друга листа. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 68,5% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

velesВо Велес, 33,4% од граѓаните ќе гласаат за Аце Коцевски, кандидат на СДСМ, 31,3% за Славчо Чадиев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 1,3% за Марјан Спасовски, кандидат на СДУ, 0,8% за Тања Петровска од СДПМ, а 0,1% за Горан Мишков од Сојузот на титовите леви сили. Вкупно 32% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, граѓаните предност и даваат на листата на ВМРО-ДПМНЕ, 32,6% би гласале за неа, а 15,3% за таа на СДСМ. За друга листа би гласале само 1,1% од оние што одговориле на прашањето. Имајќи ги предвид одговорите се очекува голема излезеност на изборите, 68,6% рекле дека сигурно ќе излезат да гласаат.

aerodromВо Аеродром, 58,1% од граѓаните ќе гласаат за актуелниот градоначалник, Ивица Коневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Диме Велковски, кандидатот на СДСМ, има поддршка од 10,1% од граѓаните кои одговориле, а Драгољуб Јаќоски, кандидат на СДПМ има поддршка од 0,5% од граѓаните. Вкупно 28,6% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, нема да гласаат или воопшто не одговориле. ВМРО-ДПМНЕ има предност и кај советничките листи, 44,2% од граѓаните што одговориле би гласале за нивната листа. За советничката листа на СДСМ би гласале 13,3% од граѓаните, а за некоја друга, 0,9%. Во Аеродром се очекува сигурно да излезат 66% од граѓаните на изборите.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативни примероци од 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и во десетина други општини, за што ќе следат и дополнителни извештаи во наредните денови до понеделник, 18.03.2012 г. кога е последниот законски рок за објавување на анкетите на јавното мислење поврзани со локалните избори.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Битола, Велес и Аеродром