Форумот е новина ама треба да стане пракса - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форумот е новина ама треба да стане пракса PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 19 tetor 2012 13:27

Граѓаните на Желино на 10 октомври 2012 година, во просториите на ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ ја одржаа четвртата форумска сесија. Тие разговараа за седум предлог проекти и тоа: Изградба на втора фаза на ОУ „Пашко Васа“ во село Копачиндол; Опремување со основен инвентар на училиштата во о. Желино; Доградба и опремување на библиотека и кабинет за информатика во ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ во село Желино; Изградба на спортски терени во ОУ во с. Чифлик и с. Дебрце; Поставување на пристапни рампи во осум ОУ за децата со посебни потреби; Изградба на втора фаза на ОУ „Пашко Васа“ во село Новосело и Изградба на втора фаза на ОУ „Пашко Васа“ во село Мерово.

forumot-e-novina-ama-treba-da-stane-praksa-1

Граѓаните на Желино се задоволно од спроведување на формскиот процес. Шукри Челеби вели дека форумот сензибилизирал луѓе кои знаат и можат да дадат придонес за проекти кои „навистина заслужуваат да се финансираат со овој проект“. „За мене претставува задоволство да бидам учесник на овие форуми“, вели Едуан Узаири. „Ми се допаѓа начинот на организација и посакувам да имаме успех со проектите кои ги презентиравме и да се финансира најдобриот од нив“, додаде тој.  За Ештреф Амети форумите се новина која треба да стане пракса. „Во иднина, самата општина треба да организира вакви форуми бидејќи, со овие сесии мислам дека и општинската администрација се здоби со искуство кое може да биде корисно за реализација на вакви иницијативи“, рече тој.

forumot-e-novina-ama-treba-da-stane-praksa-2

На сесија на граѓаните им беа презентирани критериумите според кои ќе се прави избор на проектите на последната форумска сесија. На крајот на форумската сесија беше формирана работна група за подготовка на препораки кои граѓаните ќе и ги предадат на општинската администрација на последната, петта форумска сесија.

На сесијата присуствуваа 72 граѓани на општина Желино и гости.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Форумот е новина ама треба да стане пракса