Граѓански дијалог на локално ниво - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански дијалог на локално ниво - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 08 qershor 2010 00:00

http://www.mcms.org.mk/gdln

Граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки е од клучно значење за секое општество кое се декларира како демократско, а посебно е важно за младите демократии како што е Македонија. Создавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела во процесот на креирање и носење на законите, политиките и други акти е основа на партиципативната демократија.

Во Република Македонија постојат повеќе документи кои ја даваат основата за учеството на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките, почнувајќи од Уставот на Република Македонија, преку повеќе закони како Законот за референдум, до Деловникот за работа на Владата и специфично Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Меѓутоа, и покрај оваа основа и покрај неколкуте примери од некои од министерствата, сепак нема централно воспоставен систем на вклучување на граѓанските организации во процесите на креирање на политиките. Ова особено отсуствува на локално ниво, каде што се претпоставува дека граѓанските организации треба да бидат вклучени во расправата и одлуките за најголем број од прашањата кои ги засегаат граѓаните.  

Општата цел на проектот е зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е зголемено влијание на граѓанските организации во креирање на политиките на локално ниво.

Очекувани резултати од проектот се: 1. Подобро разбирање на граѓанското учество во креирањето политики и на механизмот за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации.  2. Донесен и применет механизам за соработка со граѓанските организации во избраните локални самоуправи. 3. Споделени искуства помеѓу  единиците на локалната самоуправа за вклучувањето на граѓанскиот сектор во креирање политики.

Резултатите ќе се постигнат преку следните активности: подготовка на компаративна анализа и преглед на најдобрите практики за соработка помеѓу ЕЛС и ГО на локално ниво во земјите од ЕУ и Балканот; подготовка на прирачник за граѓанско учество во донесување на одлуки на локално ниво; организирање на меѓународна конференција за споделување на наоди од истражувањата и дебата за препораки; развивање на институционален механизам за соработка на ЕЛС со граѓанскиот сектор; организирање на завршна национална конференција за споделување на резултатите и искуствата од пилот општините.

Периодот на спроведување е од 01 јануари  до 31 декември 2011 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 3.321.923 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓански дијалог на локално ниво - извршно резиме