Граѓаните ги идентификуваа проблемите и предложија решенија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните ги идентификуваа проблемите и предложија решенија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 nëntor 2011 00:00

Втората форумска сесија во Чешиново Облешево се одржа на 28 ноември 2011 година. Граѓаните идентификуваа голем број проблеми кои се однесуваа на темата што ја избраа на претходната сесија – Јавна чистота.

IMG 9441

Тие главно се однесуваа на недостатокот на механизација и друга опрема за собирање на сметот, на проблемите со дивите депонии како и на недостатокот на свест кај граѓаните. По идентификувањето на проблемите, тие понудија и интересни решенија кои би можеле да се развиваат во понатамошните фази на форумскиот процес.

„Екологијата кај нас беше голем проблем бидејќи општината немаше доволно капацитети за да ги обработи сите отпадни материи кои се произведуваа во околните села. Со проектот Форуми во заедницата ќе се зголемат капацитетите на општината за решавање на овој проблем и ние во иднина ќе имаме многу подобри услови за решавањето на еколошките потреби на граѓаните“, рече Антонио Стојанов.

IMG 9454

На граѓаните им беше презентирано како треба да изгледаат и што да опфатат концептите за предлог проекти кои треба да се развиваат до следната форумска сесија. „Ваквиот начин на распределба на општинскиот буџет е многу значаен за развој на нашата општина. Со проектот очекуваме дека ќе влијаеме на нашата средина и ќе изградиме подобри услови за поубава и почиста средина“, реле Дејан Петров.

На сесијата учествуваа 112 граѓани кои активно дискутираа за сите прашања. Еден дел од нив, ќе продолжат да работат помеѓу двете форумски сесии и ќе развиваат концепти за предлог проекти кои ќе им бидат презентирани на граѓаните на третата форумска сесија на 12 јануари 2012 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните ги идентификуваа проблемите и предложија решенија