Граѓаните ги дадоа своите предлози за расходите по програми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните ги дадоа своите предлози за расходите по програми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 31 tetor 2011 00:00

Граѓаните на Македонски Брод на 19 октомври 2011 година учествуваа на третата форумска сесија. Присутните 95 граѓани имаа можност да ги слушнат проекциите на приходите на буџетот на општината за 2012 година и да дискутираат за нив. По приходите, тие ги проследија и презентациите за расходите на Програмата за локален развој; Програмата за социјална заштита и Програмата за заштита на животната средина. Дискусиите како што е вообичаено во еден дел се одвиваа на работните маси од каде што дојдоа и големиот број предлози на граѓаните за секоја од програмите.

059

Граѓаните со несмален интерес се дел од форумскиот процес. За Милисав Димоски „форумот ја одразува заедницата, односно нејзиниот етнички, професионален, религиозен и друг вид на карактер." За него, вклучувањето на граѓаните во еден ваков процес е посебна придобивка, а нивното учество е можност да се влијае врз одлуките на општината и со самиот тој чин да се гради соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓаните. „Најважно е што учеството на граѓаните помага во подобрувањето на општинските услуги кои ги добиваат граѓаните", изјави Димоски. Румена Стојаноска од селото Латово, придобивката ја гледа во можноста и „селските населби да се вклучат со свои предлози во одредувањето на приоритетите во буџетот на општината и така да придонесат за решавање на нивните проблеми."

Следната, четврта форумска сесија во Македонски Брод ќе се одржи на 9 ноември 2011 година.

056

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните ги дадоа своите предлози за расходите по програми