Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан - извршно резиме |
E shtunë, 02 korrik 2011 13:58 | |||
Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) соработува со организациите на граѓанското општество во земјите од целиот Западен Балкан и промовира основање и/или зајакнување на економски и социјален совет (ЕСС) и слични институции во регионот. ЕЕСК ги поддржува организациите на граѓанското општество во земјите каде нема ЕСС со давање на експертиза и политичка поддршка, за да се зајакне нивната позиција и да се структурира дијалогот меѓу нив на национално ниво, на пример, со основање ЕСС или платформа на дијалог. МЦМС учествува и ги поддржува и домашните и меѓународните тела кои го одразуваат граѓанскиот и социјалниот дијалог. Едно од овие тела со кое МЦМС соработува е ЕЕСК. Соработката се остварува преку анализи на состојби, учество на настани, а од 2007 г. МЦМС членува и во Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) за граѓанско општество на Европската Унија (ЕУ) со Република Македонија. За МЦМС од посебен интерес е градењето граѓански партнерства во Македонија, но и Балканот и поттикнување на вклучување во европските партнерства и мрежи. Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот се економските и социјалните совети и другите релевантни институции и платформи за социјален и граѓански дијалог. Директни корисници се граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје се земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот е Скопје. Дел од активностите ќе се спроведуваат во главните градови на земјите од целното подрачје. Очекувани резултати од проектот се: Детална анализа за постоењето и функционирањето на телата за социјален и граѓански дијалог во Западен Балкан; Проценето влијание на телата за социјален и граѓански дијалог врз донесувањето одлуки на национално ниво; Дефинирани заклучоци и препораки за структуриран и подобрен социјален и граѓански дијалог. Проектот ќе се спроведе преку следните активности: а) Воспоставување и функционирање на Регионален истражувачки тим: За подготовка на студијата МЦМС ќе воспостави Регионален истражувачки тим, составен од лидер на тимот и национални експерти. Лидерот на тимот ќе биде одговорен за координација на истражувачките активности и подготовката на извештаите и студијата. Експертите ќе бидат одговорни за анализа на состојбата и подготовка на извештај за состојбата со социјалниот и граѓански дијалог за секоја од земјите од целното подрачје. На почетокот од спроведувањето на проектот ќе бидат организирани два подготвителни состанока. Првиот состанок ќе се организира со ЕЕСК во Брисел заради појаснување на целите, структурата и активностите за подготовка на студијата. Вториот состанок ќе се организира во Скопје, на кој ќе учествуваат лидерот на тимот и националните експерти. На овој состанок ќе се прегледа и по потреба ќе се прилагоди методологијата за подготовка на студијата и ќе биде утврден детален план за спроведување. Со ЕЕСК ќе биде организиран уште еден состанок во Брисел, откако ќе биде подготвена нацрт-верзијата на студијата. б) Прибирање податоци и анализа на состојбата: Студијата треба да му помогне на ЕЕСК да ги процени потребите во регионот за градење на капацитетите на постоечките структури за социјален и граѓански дијалог, како и за најсоодветниот начин на формирање нови структури. За подготовка на студијата ќе се користат повеќе истражувачки методи:
в) Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан: Студијата ќе се заснова на претходно собраните примарни и секундарни податоци. Студијата ќе се состои од пет дела: (1) Вовед, кој ќе се однесува на ЕЕСК, економските и социјални институции во регионот и на методологијата; (2) Социјален и граѓански дијалог, во кој ќе се презентира состојбата со социјалниот и граѓански дијалог како и функционирањето на релевантни тела во секоја земја посебно; (3) Јаки и слаби страни, дел кој ќе се заснова на наодите од интервјуата и анкетите за мислењето за работата на ЕСС и перцепцијата за влијанието на политиките; (4) Заклучоци и препораки, дел кој ќе даде насоки за понатамошно зајакнување на ЕСС и социјалниот и граѓанскиот дијалог; (5) Прилози. Периодот на спроведување е од 15 ноември 2010 г. до 30 септември 2011 г . Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: спроведувањето на интервјуата и анкетите е навремено и квалитетно; целната група е заинтересирана за учество во студијата; и ЕЕСК, ЕСС, релевантните државни институции и организациите на граѓанското општество ги прифаќаат и користат наодите од студијата. Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-страницата на МЦМС. Со согласност на донаторот во текот на спроведувањето на проектот може да се објават и преку соопштенија за јавноста. Одговорен соработник за проектот е Даниела Стојанова. Планираните директни трошоци на проектот изнесуваат 754.100 денари и се обезбедени од ЕЕСК.
|