Македонија е традиционална земја - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија е традиционална земја PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 20 maj 2011 15:35

Македонски општествени вредности[Прес соопштение] МЦМС го спроведе истражувањето „Македонски општествени вредности“. Во ова соопштение ви ги презентираме ставовите за религиозноста и односот кон одредени традиционални/секуларни вредности.

Македонија е земја со традиционална вредности. Во прилог на тоа се високата религиозност (околу 80 %), постоењето апсолутни стандарди (62,7 % од граѓаните сметаат дека има една вистинска религија), неоправданоста на разводот, абортусот, евтаназијата и хомосексуалноста. Според Прегледот на светските вредности, националните индекси за традиционални/ секуларни вредности се движат од најнискиот во традиционална Ирска (-0,91), до највисокиот во секуларна Шведска (1,67). Во регионот вредностите се движат од најнискиот во Хрватска (0,08), преку Македонија (0,12), до Србија (0,65), Словенија (0,95) и Бугарија (1,15).

Религиозни се чувствуваат 79,7 % од граѓаните, 15,1 % се чувствуваат нерелигиозно, а атеисти се 1,2 %. Религиозноста е без промени во однос на 2009 г. (83,3 %). Повеќе се религиозни жените (83,3 %), етничките Албанци (96,2 %), припадниците на исламот (94,2%) и тие кои живеат во рурални подрачја (86,3 %). Етничките Албанци во Македонија се најрелигиозна група на Балканот.

Најголема неоправданост имаат самоубиството (98,5 %), земањето лесни дроги (96,7 %) и сексуалната работа (проституцијата) (94,8 %). Хомосексуалноста не ја оправдуваат 89,6 % од граѓаните. Абортусот не го оправдуваат 75,1% од граѓаните. Најмала неоправданост има разводот (67,6%). Лажењето, лесните дроги и случаен секс: неоправдани, но практикувани од сограѓаните. Иако не ги оправдуваат, граѓаните сметаат дека се практикувани од страна на повеќето нивни сограѓани лажењето за личен интерес (75,7 %), земањето лесни дроги (40,9 %) и случаен секс (36,3 %). На пример, оправдувањето случаен секс е 18,6 %, а 36,3 % сметаат дека тоа го прават сите или повеќето сограѓани.

Граѓаните на Македонија се традиционални. Сепак може да се издвојат одредени социодемографски групи кои се повеќе или помалку традиционални. Според ставовите за абортус профилот на повеќе традиционален граѓанин би бил: етнички Албанец, припадник на исламот, религиозен, со пониско образование, од рурално подрачје. Овој профил е сличен на профилот на религиозност. Разликите меѓу мажи и жени за важни родови прашања се релативно мали. Најголема разлика постои во оправданоста на случаен секс каде средната вредност кај мажите е 3.4, а кај жените е 2.5 (на скала од 1 до10).

И понатаму не постои значајна разлика врз партиска (идеолошка) основа меѓу десницата и левицата, односно меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на прашањата како развод, абортус и хомосексуалност.

Анкетата за МЦМС ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на национален репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Македонија е традиционална земја