Кодексот за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме на локално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси. Овој Кодекс е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. Кодексот е жива материја и ќе биде промовиран и унапредува од страна на граѓанските организации доследно и континуирано.
Подготовката на овој Кодекс за граѓански организации произлезе како иницијатива на организациите кои се дел од неформалната мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации која беше формирана во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“. Во рамки на оваа програмата се реализираа 29 ре-грантови за подобрување на транспарентноста и отчетноста. А, грантистите како критична маса на граѓански здруженија кои работеа на подобрување на својата транспарентност и отчетност беа основата за формирање на мрежата. Дополнително, во рамки на мрежата се вклучија и организации кои веќе ја покриваат темата и работат на полето за добро управување и саморегулација.
51 граѓанска организација веќе се потпишаа, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат на Кодексот ќе може да го направата тоа пополнувајќи ја следната изјава (deklaratë për pranimin e Kodit). Изјавите се депонираат во Македонскиот центар за меѓународна соработка на следниот емаил:
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
и се разгледуваат од организациите потписнички како дел од неформална мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации. Граѓанските организации кои ќе пристапат на Кодексот, потребно е да известуваат за имплементацијата на Кодексот во своите годишни организациски извештаи, соопштат на своите социјални медиуми и слично. Следни чекори за развој на Кодексот се воспоставување на механизам за следење на имплементацијата на Кодексот откако истиот ќе биде промовирам и споделен со поширокото граѓанско општество.
Повеќе информации може да добиете на следниот емаил:
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
или тел: 070 414 669 (Александра Савевска, соработничка на проекти во МЦМС).
Битола
- Асоцијација за едукативни, развојни и економски политики - ФОКУС ПОИНТ
- Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби подружница Битола
- Центар за локални иницијативи
Богданци
- Центар за животна средина и одржлив развој
Боговиње
- Младински совет на Општина Боговиње
Велес
- Друштво за помош на лица со посебни потреби „Зрак“
- Еколошко друштво Вила Зора Велес
- Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес
- Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби подружница Велес
- Здружение Центар за кинезиологија
- Извиднички одред „Димитар Влахов“
Гевгелија
- Центар за климатски промени
Гостивар
- Асоцијација за демократска иницијатива - АДИ
- Центар за развој на медиумите на заедниците - Медиум, Гостивар
- Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби подружница Гостивар
Дебар
- Здружение Радика ДЕ
- Здружение за развој на млади за јавен интерес
- Здружение Центар за одржлив развој на заедницата
Делчево
- Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“
Кавадарци
- Совет за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД, Кавадарци
- Нова невладина организација за волонтерски активизам - Цивиста
Кочани
- Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите - Светла иднина
Кратово
- Здружение Извор
- Регионален центар за одржлив развој
Крушево
- Здружение Центар за хумани односи
Куманово
Лозово
- Организација на жени Лозово
Македонска Каменица
- Еколошко друштво Здравец 2002
- ЗГ Надеж-Hope, Македонска Каменица
Охрид
- Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Охрид
- Регионален зелен центар
- Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија
- Здружение Мрежа на млади фармери (ММФ)
Прилеп
- ДИЈАЛОГ - Центар за делиберативна демократија, Прилеп
- Здружение за правна едукација и транспаретност Станица П.Е.Т
- Коалиција на младински организации СЕГА
- Младински Совет Прилеп
- Здружение центар за иновации и развој Инос
Радовиш
- Здружение за заштита на природата и здравјето - Виножито
Свети Николе
- Доброволно противпожрно друштво Свети Николе
Скопје
- Граѓански ресурсен центар
- EKO-ЖИВОТ
- Една може!
- ЗГ Љубезност
- Здружение за активен и здрав развој на жени и деца ПЛИАДИС Скопје
- Здружение за борба против рак - БОРКА - За секој нов ден
- Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС
- Здружение за ментално здравје - Асоцијација Мисла
- Здружение за сексуални и родови малцинства Субверзивен фронт Скопје
- Здружение Заедно посилни
- Здружение Конект
- Здружение на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје
- Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности - Легис
- Здружение на граѓани НЕКСУС Граѓански концепт
- Коалиција „Сите за правично судење“
- Коалиција Маргини
- Кризен центар - Надеж
- Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС
- Научна фондација СПИРОСКИ
- Подружница на Асоцијација на агенции за локална демократија во Република Северна Македонија - АЛДА
- Прва детска амбасада во светот - Меѓаши
- Ромска асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ
- Рубикон Здружение на граѓани
- Совет за етика на медиумите во Македонија (СЕММ)
- Финанце Тхинк - Институт за економски истражувања и политики
- Фондација Отворено општетство - Македонија
- Хелшински комитет за човекови права
- ХОПС - Опции за здрав живот
- Центар за добро владеење и интегритет – ХАБ Скопје
- Центар за истражување и креирање политики - ЦИКП
- Центар за управување со промени
- Црвен крст на Република Северна Македонија - Црвен крст на град Скопје
- Здружение за пддршка и помош на социјално исклучените и сиромашните лица ХРАНА ЗА СИТЕ - БХМ - БАНКА ЗА ХРАНА МАКЕДОНИЈА
- Институт за добро управување и евроатлански перспективи
- Иванов школа за лидери - Алумни асоцијација
- Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби
- Здружение Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија
- Здружение за едукација и тренинг - ЦЕТ ПЛАТФОРМА
- Центар за граѓански комуникации - ЦГК
- Национална организација за унапредување на здравјето со физичка активност - ХЕПА Македонија
- Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес - ЗЕООП
- Здружение Лидери за едукација, активизам и развој
- Здружение на граѓани Младите можат
- Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС
- Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК
- ЦИВИЛ Центар за слобода
- Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес
- Институт за општетсвени и хуманистички науки
- Македонско здружение за заштита при работа
- Институт за европска политика
- Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
- Здружение Специјална Олимпијада - Македонија
- Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик- ЦСИ ЛИНК
- Локомотива
- Форум ЦСИД
- Здружение за унапредување на земјоделските задруги
- Национален совет за родови прашања
- Здружение за истражување анализи и развој Зелена лупа
- Романо Чачипе
- Асоцијација за одржлив и инклузивен развој - СИГА
- Здружение за подршка и развој - Хуманост
- Македонска платформа против сиромаштија
- Институт за истражување и анализа на политики - Ромалитико
- Центар за информативна поддршка - Нов Контакт
- Театар Боеми
- Театарска младина на Македонија
- Македонски центар за култура и развој
- Здружение на граѓани за развој на градот - Скопје Метропола
Струга
- Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга
- Младински сон
- KAB Струга
- Унија на Еколози - Натура
Струмица
- Здружение за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен, Струмица
- Здружение Избор Струмица
- Здружение на производители на органска храна ОРГАНО-ЛОГИСТИК
Тетово
- Балкански институт за регионална соработка - БИРС
- Здужение за Лезбејки, Геј, Бисексуалци/ки и Трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед Тетово
Штип
|