Градење капацитети за ЕУ финансирање - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за ЕУ финансирање - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Својата генерална стратегија МЦМС ја заснова на зајакнување на луѓето, особено на маргинализираните групи за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество.

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е зајакнати капацитети на ГО за финансирање од ЕУ фондови.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на граѓанското општество.

Активностите предвидени со овој проект се категоризираат во скроени обуки и консултации. Областите во кои ќе се даваат обуки и консултации се: Обуки за раководење со портфолио со осврт на раководење со ЕУ проекти; како и подготовка и испорака на нови продукти во слична област како погоре наведено, по потреба, во зависност од нарачката.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општа цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Достапните ИПА фондови за ГО и другите актери на граѓанското општество, ќе се операционализираат во 2009 година.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од делумно од Евангелистичката служба за развој (ЕЕД) како и сопствени средства добиени преку целосно покривање на трошоците за обуките и консултациите од организациите нарачатели на услугите.

Временскиот период на спроведување е 15 март – 20 декември 2009 година.

Буџетот изнесува 200,000 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet