Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (Стратегијата) усвоена во 2007 г. претставува водечка рамка за политиката на државата за соработка и поддршка на граѓанскиот сектор, која ќе ги одрази приоритетите, принципите и предложените пристапи во неа. Со тоа нејзиното доследно и навремено спроведување е битно за обезбедувањето поволна правна и фискална рамка за ГО и нивна одржливост. Иако е забележан напредок во постигнувањето на дел од целите, за дел статусот е непроменет во однос на планираното.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е поволни политики и овозможувачка правна средина за ГО.

Целна група на проектот се ГО и органите на државна управа. Директни корисници се ГО. Проектот ќе се спроведува во Република Македонија, а активностите ќе се реализираат во Скопје.

Oчекувани резултати од проектот се: Утврден напредок на спроведувањето на Стратегијата; и Придонес кон транспарентноста и отчетноста во процесот на спроведување на Стратегијата и другите владини политики.

Резултатите ќе се постигнат преку следење на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. МЦМС ќе го набљудува и оценува спроведувањето на Стратегијата, но и на другите политики кои се однесуваат на граѓанското општество. За таа цел МЦМС подготвува периодични извештаи. Во рамките на овој проект ќе биде подготвен извештај, кој ќе ги опише и проучи следните прашања: оценка за спроведување на активностите (квантитет и квалитет) во 2009 г., исполнување на планираните активности согласно дадената временска рамка, истакнување на позитивните остварувања, тесни грла и клучни потфрлувања, заклучоци за текот на активностите и препораки за надминување.

Наодите во овој извештај ќе бидат споредени со наодите од првиот извештај за прогресот на спроведувањето на Стратегијата, кој се однесуваше на периодот јануари 2007 г. – декември 2008 г. Извештајот ќе биде подготвен со анализа на постоечките релевантни документи и веб-сајтови, како и со интервјуа и консултации со претставници на релевантните институции и ГО. Извештајот на македонски, албански и англиски јазик ќе се објави во 300 примероци на хартија и 300 примероци на компакт диск, а ќе биде достапен и на веб-сајтовите МЦМС и Граѓански свет.

Напредокот на спроведувањето на Стратегијата ќе биде дискутиран на јавна расправа, на која ќе биде промовиран и извештајот. На расправата ќе бидат поканети претставници на владините институции, граѓанските организации и медиумите. По проценка на одговорните соработници за проектот и односи со јавноста и на Одборот на директори ќе бидат организирани и ад-хок реакции за одредени политики кои се однесуваат на граѓанското општество. Исто така ќе се остваруваат состаноци со релевантните претставници на државните институции заради нивно подигнување на свеста за потребата од подобрување на спроведувањето на Стратегијата.

Периодот на спроведување е 1 март до 30 декември 2010 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Постои интерес кај Одделението и граѓанските организации за расправа за напредокот на спроведувањето на Стратегијата; и Подготвеност кај институциите за споделување информации.

Со оглед дека примарната улога за координирањето и спроведувањето на Стратегијата ја имаат Одделението за соработка со НВО и Генералниот секретаријат на Владата, МЦМС ќе соработува со нив, но и со останатите релевантни организации и институции.  Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-сајтот на МЦМС и на Граѓански свет. За најава и/или информирање за објавувањето на извештајот за јавното финансирање, како и на расправата и другите битни активности ќе се испраќаат соопштенија за јавноста и организираат прес-конференции. Видливоста на МЦМС ќе биде обезбедена преку апликација на логото и името на сите материјали, како и поставување на платното со логото и името на сите настани кои МЦМС ги организира.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот. Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС. Одговорна за проектот е Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите се вклучени повеќе соработници. Раководителот на Одделението за граѓанско општество ќе ја надгледува целокупната работа и ќе ја дава потребната експертиза за горенаведените активности. Одборот на директори, ќе учествува во насочување и советување во врска со спроведувањето на проектот, а по потреба ќе учествуваат и во спроведувањето на активностите за лобирање.

Проектот е помалку сложен. Извештајот за напредокот на спроведувањето на Стратегијата ќе претставува алатка за лобирање за нејзино целосно и навремено спроведување. Активностите за застапување, особено за набљудување на политиките и барање одговорност носат повеќе ризици. Влошувањето на политичкиот контекст може да влијае на намалување на интересот на Владата за спроведување на целите на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, но и за соработка и учество во активностите.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet