Обука и прирачник за граѓански дијалог - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука и прирачник за граѓански дијалог PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Балканскиот регион (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Србија и Црна Гора (вклучувајки го и Косово) помина низ транзиционен период од комунистички, еднопартиски во демократски, плуралистички политички системи. Честата промена на политичките елити и зголемената апатија на гласачите го оневозможува зацврстувањето на демократијата во регионот. Но, примарна политичка цел на сите влади на нивните земји е интеграција во Евро-атланските алијанси.

Граѓанскиот дијалог (Civil society dialogue, civil dialogue) пошироко е дефиниран како “структурирани пракси на дијалогот меѓу националните, ЕУ, меѓународните институции и граѓанските организации (ГО)” . Во регионот постои искуство од таков вид на активности на национално ниво, пред се преку обиди за дефинирање односите, правната рамка и соработката помеѓу институциите на власта (како централната, така и локалната) со ГО. Но, тие активности “не се уште на потребното практично ниво за да се постигнат вистинските резултати и соработка” . Во контекстот на приближувањето на земјите од регионот кон членство во ЕУ, граѓанскиот дијалог станува еден вид на (непишана) обврска на владите и нивната потреба да остварат соработка со ГО (и другите актери на граѓанското општество) во целокупниот процес на проширување и со цел да се “зајакне, продлабочи и одржи дијалогот меѓу општествата на земјите кандидатки и земјите членки на ЕУ како и ЕУ институциите” . Иако постоеја поединечни позитивни пракси и искуства во граѓанското организирање, соработката со институциите на власта треба да биде подобрена. Таквата соработка е дологорочна бидејќи овозможува на ГО да бидат вклучени во донесувањето приоритетни  одлуки за развој на земјата. На ЕУ ниво тоа значи дека ГО ќе дават експертиза во рамките на креирањето и спроведувањето на ЕУ политиките во областите на нивното делување.

Целта на овој проект беше подобување на информираноста, развој на вештините и  размена на искуствата за влијаење врз јавните политики, процесот на одлучување и раз-војот на структурите за граѓанскиот дијалог.

Целна група беа БНТ членките (ACSF, DA - Албанија, МЦМС - Македонија, PF, WAD – Бугарија, NIT, EOS - Хрватска, EHO - Србија AIDRom, OAR - Романија, WAWY - Косово, CRNVO – Црна Гора) и други релевантни граѓански организации.

Проектот се состоеше од две активности. Првата беше организација на обука за граѓански дијалог. Обуката се базира на искуствата и вештините на словенечките организации во воспоставувањето на граѓански дијалог (во смисла на правна рамка и во пракса).

Релевантните искуства од регионот беа пренесени преку студиите на случај подготвени од учесниците на обуката. Обуката беше реализирана во две фази. Обуката во Нови Сад беше организирана за ГО од БиХ, Црна Гора и Србија, а во Тирана за ГО од Албанија, Косово и Македонија. На двете обуки учествуваа 41 учесник. Секоја обука беше во времетраење од 3 дена. Учесници беа задоволни на споделеното искуство од словенечки модел, иако тој не е применлив за сите земји.

Втора активност од овој проект беше подготовка на Балкански граѓански практики број 5: Прирачникот за граѓански дијалог на Балканот. Прирачникот е базиран врз информациите и вештините стекнати на обуките за граѓанскиот дијалог, но е и нивна надградба. Во првиот дел се фокусира на взспотавување на рамка за граѓанскиот дијалог и сегашната состојба во Словенија. Вториот дел служеше за преглед на состојбата во земјите во регионот, со што за прв пат се направи споредба во оваа област. Текстот на публикацијата го подготви ЦНВОС, а прирачникот се испечати на англиски и на трите локални јазици (албански, српски, македонски), покривајќи ги главните јазични групи во регионот. Публикацијата има околу 140 страници (зависно од јазикот). Англиското издание беше печатено во 100 примероци, додека локалните изда-нија секое по 150, т.е. 550 примероци севкупно. Сите изданија имаат и електронска вер-зија, која е достапна на веб страницата на БНТ мрежата.

Обуката за граѓански дијалог се оддржа од 04 до 06 јули во Нови Сад (Србија) и од 11 до 13 јули во Тирана (Албанија). Публикација се подготви во Љубљана (Словенија), беше уредувана и печатена во Скопје и се дистрибуира во/од Скопје, Нови Сад и Тирана.

Со проектот беа подобрени информациите, вештините и се разменија  искуства за влијание врз јавните политики, процесот на одлучување и развојот на структурите за граѓанскиот дијалог.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet