Подобрување на видливоста на одделението за НВО 2006 |
Општа цел на проектот беше обезбедување поддршка на Владата за изработка и спроведување на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Цел на проектот беше изработка и спроведување на стратегија за комуникација на Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија (Одделението) и овозможување поголема достапност и видливост кон граѓанските организации и јавноста. Целна група беа граѓанските организации и јавноста. Директни корисници беа персоналот на Одделението и Генералниот секретаријат. Во рамките на проектот следните активности беа преземени:
Врз основа на препораките од подготвениот документ, беше: Подготвен и испечатен лифлет со основните податоци за работата на Одделението; Испечатена и дистрибуирана Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор; Организирана координативна средба со државни службеници одговорни за соработка со граѓанските организации; Прес конференција за јавноста; Изработена и функционална интернет страница; Организирана презентација на Стратегијата, нејзините цели и мерки пред претставници на единиците на локалната самоуправа; Во рамките на проектот се превземаа и низа мерки за обезбедување на видливоста на дадената поддршка од страна на Европската агенција за реконструкција во согласност со договорните одредби и правилата кои ги налага поддржувачот. Времетраењето на проектот беше мај 2006 – септември 2007. |