Поддршка на МРС во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поддршка на МРС во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Цел на проектот беше да се зајакнат капацитетите на Меѓурелигискиот совет (МРС) во Македонија, преку поддршка на активностите насочени кон зајакнување дијалогот помеѓу религиите. Целна група беа членови и свештеници на верските заедници (МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ), студенти и професори на теолошките училишта.

Поддршка на МРС во МакедонијаСо проектот се настојуваше да се зајакнат капацитетите на МРС, преку поддршка на нивни иницијативи (тркалезни маси и семинари), но истите не беа спроведени, бидејќи во тој период верските лидери и членовите на Меѓуверскиот совет, преку серија семинари дискутираа за идните планови на Советот, неговата структура и членство. Бидејќи во овој период Советот беше во процес на реорганизација, мали беа можностите да се спроведе било каква активност во која би бил вклучен Меѓуверскиот совет. Од тие причини, поддршката од овој проект беше насочена кон потребите на членовите на верските заедници.

Во рамките на проектот беше поддржана една иницијативата на Православниот богословски факултет и една иницијатива на Еврејската организација – Фондот на Холокаустот. Првата иницијатива се однесуваше на поддршка на учеството на два претставника од Православниот богословски факултет и еден претставник од МЦМС на Конференцијата насловена како Толедо: Водечките начела во изучувањето за религиите и верувањата во државните училишта. Конференцијата се одржуваше од 23 - 24 октомври 2008 година во Сараево, Босна и Херцеговина (БиХ) во организација на ОБСЕ Мисијата во Босна и Херцеговина (БиХ) во соработка со Меѓуверскиот совет во Босна и Херцеговина. Учесници на конференцијата беа претставници на владини и невладини тела, верски заедници, како и учители и студенти од Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Македонија, Хрватска и Црна Гора.

Клучен настан на конференцијата беше промоцијата на изданието Толедо: Водечки начела за подучување на религиите и верувањата во државните училишта. На конференцијата беа претставени десетте принципи кои би требало да ги применуваат владините тела при примена на веронауката, без оглед дали се работи за примена во конфесионалните или неконфесионалните изучувања на религиите и верувањата во државните училишта. Покрај нив, овие принципи се наменети и за учителите кои ги предаваат предметите, така што беше нагласено дека истите би требало да се применуваат и од нив.

Особен акцент на конференцијата беше ставен на прифаќањето и почитувањето на начелата од страна на верските заедници. Накратко Толедо начелата се однесуваат на: подучување на религиите и верувањата засновано врз темелни знаења, почитувајќи ги човековите права, заштита на правата на “другиот“; почитување на правото за непосетување на наставата; адекватната обученост на лицата кои ја изведуваат наставата; избегнување на неточен материјал, кој би довел до зајакнување на стереотипите итн.

Сараевскиот регионален експертски семинар отвори можност за студенти, учители и носители на политики од југоисточна Европа да дискутираат за принципите и нивната можна примена.

Веронауката е воведена и во Македонскиот образовен систем, така што овој настан беше од исклучително значење за македонските учесници, кои имаа можност да се запознаат со принципите при изучувањето на религиите и верувањата, но исто така да ги споделат искуствата со останатите земји од регионот кои ја имаат воведено веронауката или изучувањето на религиите пред Македонија. Стекнатите искуства од конференцијата се значајни и истите ќе бидат споделени со останатите претставници на верските заедници кои се вклучени во процесот на веронауката.

Покрај ова, во рамките на проектот беше поддржана и Обука за административно работење. Обуката беше наменета за претставниците на верските заедници, како и за Фондот на Холокаустот. Обуката се одржа во периодот од 29-30 декември 2008 година. На обуката учествуваа 13 претставници на верските заедници (МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕЗРМ), како и претставници од Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Комисијата за односи помеѓу верските заедници. Во рамките на предавањето учесниците имаа можност да се запознаат со поимот, улогата, значењето на архивското работење, планот за архивски знаци, листа на архивска граѓа со трајно чување и со рокови на чување, прием и распоредување на актите, нивно евидентирање во деловодник итн.

За оценка на обуката беше подготвен прашалник, кој им беше доставен пред крајот на обуката. Од сумираниот прашалник може да се заклучи дека учесниците сметаат дека времетраењето на обуката било доволно, поделеноста помеѓу сесиите била прифатлива, потоа дека најкорисни теми биле заведувањето на документите и начинот на работење во деловодник итн. Општ заклучок е дека обуката била добро организирана и многу корисна, како и дека истата ќе допринесе за поефективно и поедноставено работење во нивните организации/верски заедници.

Соработникот на проекти од програмата МСМ беше задолжен за целосното спроведување на двете произлезени активности од проектот. Обуката беше спроведена од два обучувачи од МЦМС. На обуката учествуваа претставници од верските заедници кои се дел од администрацијата во своите верски заедници, така да преку обуката им се овозможи да го дополнат своето знаење во однос на административното работење.

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet