Јавно финансирање на граѓанските организации - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавно финансирање на граѓанските организации - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Основите за слободно дејствување на граѓанските организации се утврдени со Уставот на Република Македонија и специфично за здруженијата на граѓани и фондациите со Законот за здруженија на граѓани и фондации. Со овој Закон се поттикнува развојот на граѓанскиот сектор, се уредуваат начинот, постапката и условите за нивно основање, регистрација, работење и престанок. Во моментов се подготвува нов закон за здруженија и фондации. Сепак паралелно со подготовката на новиот закон неопходни се промени и во начинот на директната финансиската поддршка на организациите од страна на државата за да се зголеми одржливоста на граѓанските организации заснована на домашен систем на поддршка.

Општа цел на проектот е придонес кон подобрена правна рамка и зголемена финансиска одржливост на граѓанските организации во Република Македонија. Цел на проектот е подобрување на јавното финансирање на граѓанските организации.

Целна група се граѓанските организации и Одделението за соработка со невладини организации. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата е Скопје и други градови.

Очекувани резултати од проектот се: подготвена алатка за лобирање кај властите за потребата од промени во системот на финансиска поддршка на граѓанските организации од страна на државата и за јакнење на свест кај граѓанските организации и властите.

Проектот ќе се спроведе преку следните активности:

Анализа на јавното финансирање на граѓанските организации во Македонија: Анализата ќе опфати преглед на јавното финансирање на граѓанските организации и ќе даде препораки за подобрување на досегашниот систем.
Компаративна анализа на јавното финансирање во Централна и Источна Европа (ЦИЕ): Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) подготви анализа на јавното финансирање во ЦИЕ.
Публикација и дебата „Јавното финансирање во ЦИЕ и Македонија“: Публикацијата ќе ги содржи анализите на јавното финансирање во Македонија и ЦИЕ, како и мерки за подобрување на директната финансиска поддршка на граѓанските организации. Истата ќе биде промовирана на дебата каде ќе се презентираат наодите и ќе се расправа за понатамошно подобрување на јавното финансирање.

Проектот ќе се спроведе во периодот од 1 април до 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Подготвеност кај институциите за учество и надградување на законската и на фискалната рамка за граѓанските организации; и Активна вклученост на претставниците од граѓанските организации.

МЦМС ќе соработува со Одделението за соработка со невладини организации и со ЕЦНЛ во планирањето и спроведувањето на активностите, како и со останатите релевантни организации и институции. За активностите ќе биде информирана јавноста преку конкретни дописи, соопштенија за јавноста, состаноци, но и објавување на веб-сајтот на МЦМС, на сајтот Граѓански свет и на сајтот на Одделението за соработка со невладини организации и др. релевантни канали за информирање.

МЦМС има одговорност за донесувањето одлуки и спроведувањето на проектот. За дел од активностите МЦМС заеднички ќе одлучува со Одделението за соработка со невладините организации.

Анализа на јавното финансирање на граѓанските организации ќе претставува алатка за лобирање за воспоставување домашен систем на финансиска поддршка на организациите што ќе овозможи подобрена финансиска одржливост на граѓанските организации.

Проектот ќе биде финансиран од Службата за црковен развој (ЕЕД).

Буџетот изнесува 163.550 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet