Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Скроени обуки и консултации за ОБСЕ – Владеење на правото PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

orr301-ziОпшта цел на проектот е придонес кон развој на вкоренето и динамично граѓанско општество во Република Македонија.
Целта на проектот беше да се зајакнат организациските и институционалните капацитети на граѓанските организации и да се зајакнат нивните човечки ресурси.

Целна група на проектот беа пресоналот и активистите на 10 граѓански организации и институции партнери на ОБСЕ:

АРКА-Куманово, ЦГИ-Прилеп, Избор-Струмица, Коалицијата Сите за правично судење-Скопје, Даја-Куманово, ЕСЕ-Скопје, НСЖМ (СОЖМ)-Скопје, Полио-плус-Скопје и Блу Скај-Скопје.

Планираните активности се спроведени во целост и тоа:

  1. Семинар „Нов развој во фискалната рамка за граѓанските организации“ одржан на 14-ти февруари во Скопје со учество на 16 учесници
  2. Обука „Раководење со проектен циклус“спроведена од 21-24 април во Скопје со учество на 17 учесници
  3. Обука „Административно и финансиско работење“ спроведена од 13-15 мај во Скопје со учество на 13 учесници
  4. Обука „Финансиски менаџмент за не-финансиски менаџери“ одржан од 20-23 мај во Скопје со 11 учесници
  5. Обука „Напредно застапување и лобирање“ спроведена од 03-05 јуни во Скопје со учество на 14 учесници
  6. Обука „Добро управување“ спроведена од 09-11 јуни во Скопје со учество на 12 учесници
  7. Обука „ИПА фондови, пристап и подготовка“ спроведена од 25-27 јуни во Скопје со учество на 12 учесници
  8. Прирачник за Менаџмент со човечки ресурси со примери подготвен во Септември, отпечатен во 200 копии и дистрибуиран до ОБСЕ, партнерите на ОБСЕ и други граѓански организации.
  9. Обука „Напредно набљудување и оценка“ спроведена од 10-13 септември во Скопје со учество на 14 учесници
  10. Прирачник за Добро управување со примери подготвен во Октомври, отпечатен во 200 копии и дистрибуиран до ОБСЕ, партнерите на ОБСЕ и други граѓански организации.
  11. Обука „Менаџмент на човечки ресурси“ спроведена од 20-22 октомври во Скопје со учество на 8 учесници
  12. Обука „Одржливост на проекти и организации“спроведена од 31 октомври-01 ноември во Скопје со учество на 9 учесници
  13. Обука „Одговорности и улоги на менаџерите“ спроведена од 12-14 ноември во Скопје со учество на 8 учесници

Очекуваните резултати од овие активности беа: организациите се информирани за новите даночни одредби, тие имаат развиени вештини и знаења за употреба на различни алатки за мониторинг и евалуација, лобирање и застапување, раководење со проектен циклус, добро управување, административно и финансиско работење, раководење и ефективно менаџирање и се информирани за процедурите и регулативите за пред-пристапните ИПА фондови. Програмата за обука опфати вкупно 134 учесника. Нивото на задоволство на учесниците и нивниот впечаток дека целите на обуките се остварени се на високо ниво.

Претпоставка која понатаму влијае на остварувањето на целта на проектот е учесниците на обуката да ги пренесуваат и применуваат стекнатите знаења во своите организации.

Проектот го спроведе МЦМС. Обуките беа подготвени и испорачани од обучувачи на МЦМС, а по потреба беа користени и надворешни соработници. Прирачниците беа подготвени од сениор соработници на МЦМС.

Проектот се спроведуваше од 15 јануари до 12 декември.

Проектот е финансиран од ОБСЕ.

Буџетот на проектот е 1,054,257.50 МКД.

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet