Спроведување на Законот за здруженија и фондации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спроведување на Законот за здруженија и фондации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Спроведување на Законот за здруженија и фондацииВо април 2010 г. беше донесен новиот Закон за здруженија и фондации (ЗЗФ). МЦМС учествуваше во работната групата за подготовка на ЗЗФ, ја поддржа нејзината работа, а спроведе и повеќе активности за информирање на граѓанските организации за ЗЗФ и јакнење на капацитетите на релевантните органи на државна управа. ЗЗФ донесе повеќе новини како за граѓанските организации, така и за релевантните институции со што се потврди потребата од поддршка на спроведувањето.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е поволни политики и овозможувачка правна средина за граѓански организации.

Целна група на проектот се граѓанските организации, Министерството за правда и другите релевантни органи на државната управа, Централниот регистар на Македонија (ЦРМ), судовите и јавното обвинителство и др. Директни корисници се членовите и вработените во граѓанските организации, потоа државните службеници и други претставници на ЦРМ, Министерството за правда и др. Проектот ќе се спроведува во Република Македонија.

Очекувани резултати од проектот се: подготвени документи за ЗЗФ и зајакнати капацитети на граѓанските организации и одговорните институции за негова олеснета примена. Активности преку кои ќе се спроведе проектот се:

а) Информации за (пре)регистрација на здруженијата и фондациите: МЦМС ќе подготви краток водич за постапката за (пре)регистрација во печатена и електронска форма на македонски јазик. На веб-страницата на МЦМС ќе бидат поставени и потребните обрасци за (пре)регистрација на здруженијата и фондациите. Последователно ќе бидат организирани за граѓанските организации и два полудневни информативни настани во Скопје и Битола.

б) Работилници за државните службеници: Претставниците на релевантните органи на државната управа ќе бидат запознаени со ЗЗФ. Ќе бидат организирани две работилници, од кои едната за одговорните службеници за регистрација на здруженијата и фондациите, а другата за членовите на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

в) Коментар на законот: За полесно следење на новините во ЗЗФ ќе биде изготвен „Коментар на Законот за здруженија и фондации", проследен со прилози за основачките документи и другите потребни обрасци. Коментарот ќе биде наменет и за граѓанските организации и за одговорните службеници, јавното обвинителство и судовите.

Периодот на спроведување е од 2 март до 30 септември 2011 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Интерес и волја за учество на државните службеници во работилниците; и Активна вклученост на претставниците од граѓанските организации.

Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-сајтот и е-билтенот на МЦМС, како и на социјалните медиуми. Видливоста на МЦМС ќе биде обезбедена преку апликација на логото и името на сите материјали, како и поставување на платното со логото и името на сите настани кои МЦМС ги организира во согласност со нарачателот на услугата.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот. За дел од активностите МЦМС ќе соработува и заедно ќе одлучува со Министерството за правда и Централниот регистар на Македонија при спроведувањето на проектот. Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС.

Проектот е помалку сложен. Ризици на проектот се одржување на предвремени парламентарни избори што може да влијае на одложување на дел од активностите поврзани со државните службеници.

Буџетот на проектот е 863.000 денари. Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Проектот е финансиран од Службата за црковна помош (ЕЕД).

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet