Обука за обучувачи - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за обучувачи PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Обука за обучувачиKурсевите за обука можат многу да придонесат за развојот и напредокот на работата на организациите. Главни моменти се прилагодувањето и трансферот на технологијата, и нејзиното асимилирање и примена од страна на вработените.

Во сегашниот контекст потполно неисплатливо е да имате пасивен однос кон обуката. Затоа, за пример земете ги организациите кои имаат динамичен и активен однос кон обуката на вработените. Тие ангажираат експерти за планирање и организирање на курсевите за обука. Во некои случаи е доволно и тоа што имаат разбирање за потребите од соодветно специјализиран работен кадар, без кој ниеден развоен процес неможе да успее.

Главната цел на организациите што ја изведуваат програмата за обука на вработените е да бидат искористени постоечките човечки ресурси. Во исто време организацијата обезбедува доволен број на луѓе што се соодветно квалификувани, и за пократок и за подолг временски период.

Ова всушност значи дека обуката ќе биде најефективна кога ќе биде целосно интегрирана во самата стратегија на работа на организацијата. Обуката нема да има никакво значење доколку на неа се гледа како на независна активност што нема никаква врска со сегашните и идните задачи на вработените што се избрани за да бидат обучувани.

Имајќи го во предвид односот  кон развојот и унапредувањето на работата утврден во генералната политика, обуката на вработените треба да биде интегративен дел од генералната стратегија за менаџмент со работниот кадар и со ресурсите што се користат за остварување на целите на организацијата.

Содржина

  • Циклус на учење кај возрасните;
  • Испорака на обука за групи;
  • Методи и техники на спроведување интерактивна обука: бура на идеи, работа во мали групи, игра на улоги, студија на случај, метод на клучни зборови, демонстрација, дискусија, аквариум итн.
  • Употреба на визуелни помагала.
  • Презентациски вештини 
  • Вештини на: запознавање, користење примери, насочување на дискусијата, конструктивен фидбек и резимирање
  • Дизајнирање на сесија за обука;
  • Микро учење (учесниците сами подготвуваат сесија која ќе биде снимана на видео камера)
 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Konsultime dhe trajnime Tema