Родови односи |
Во многу општества (заедници), на стереотипите за структурата на домаќинството и поделбата на работата по полова основа во нив, се гледа како на одраз на “природен” ред. Следствено, државата и семејството го зајакнуваат овој ред со законскиот и образовниот систем, медиумите и програмите за планирање на семејството, без да се признае дека во семејството жената е во подредена положба во однос на мажот. Обуката ќе им овозможи на учесниците да бидат свесни за главните концепти на родовите релации и развојните прашања, да бидат способни да препознаат родови релации и нивната социјална детерминираност, да бидат способни да анализираат различни пристапи кои се применуваат во развојните програми, да бидат способни да препознаат стереотипи, предрасуди, норми и вредности во општеството и потенцијали за промена и да бидат способни за анализа на проекти/програми од родова перспектива. Содржина
|